MAMA

Мајка на три девојчиња открива: „Третото дете е како дрога, веднаш сакаш уште “

Можеби приказната на оваа мајка ќе ви ги отвори очите

Џансен Брадшоу, мајка на три девојчиња вели: „Пред да го добиев третото дете, бев прилично сигурна дека три ќе ни бидат доволни. Всушност, веројатно можев да бидам среќна и само со две. Но, во моментот кога се роди моето трето дете, не можев да замислам дека ќе немам повеќе“.

„Сега се шегувам дека третето дете е како дрога. Еднаш кога ќе добиеш трето дете, тешко е да не посакаш уште едно бебе“, вели среќната мајка. Еве кои причини наведуваат на тоа дека третото дете делува „како дрога“.

Со третото дете, се’ изгледа полесно отколку со првите две

Со третото бебе се’ е поедноставно. Ова го слушнав од многу родители пред да го родам третото дете и тоа за нас дефинитивно беше вистинито. Повеќе си опуштена, не си почетник како со првото и не се обидуваш да научиш како да жонглираш со повеќе деца, како што тоа беше кога имав две. Честопати првите две деца се доволно возрасни за можат самите да играат и да се забавуваат и доволно независни, па полесно можеш да се грижиш за третото дете, открива мајката.

Добро знаеш колку брзо поминува фазата на новороденче и се надеваш дека ќе трае што е можно подолго

Со третото девојче се чувствувам како да можам целосно да уживам во неа и ја ценев таа фаза повеќе отколку што го правев тоа со првите две девојчиња. Не чувствувам притисок и ми се чини дека децата брзо растат. Само сакам да ги бакнувам нејзините образи и да ја гушкам онолку колку што можам.

После родителството со 3 деца, знаеш дека на крај се’ ќе биде во ред

Имаш доволно исксутво и знаеш дека на крај се’ ќе испадне добро. Ќе спиеш цела ноќ, ќе научиш да јадеш без да се брзаш, повторно ќе одиш сама во вц…

Идејата дека засекогаш е готово, твојот ум тешко ќе ја прифати

Срцето ми се крши кога помислувам дека повеќе нема да имам новороденче и дека нема да ја видам таа прва насмевка. Секогаш кога ќе го погледнам моето трето бебе и неверојатната љубов која ја чувствуваме, не можам да замислам дека нема да имам повторно мало сушстество во раце.

Па, внимавајте! Ако размислувате за трето дете, знајте дека тоа е скалило кон желбата за четврто!

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close