На овие неверојатни фотографии, кои беа направени од една бразилска фотографка, Јана, се гледа момчето по име Ноа како се раѓа со цел водењак.
Малиот е роден во бразилската болница Праја да Коста, а вакво нешто се случува еднаш во илјада породи.
Момчето е родено целосно покриено со амнионска кеса, а Јана, успеа да ги сними.
„Го гледав во моментот кога го раѓав. Докторите ме го доближија мониторот за да го видам, сцената беше прекрасна, плачев”, вели мајката на момчето, Моник Валаско.
Гинекологот Рафаел Анџело Багири објасни дека водењакот не пукнал, па бебето е родено во целата негова обвивка која го штити за време на бременоста.