Градинка
Да се остане дома со децата понекогаш е потешко отколку да се оди на работа
Да се биде родител воопшто не е едноставна работа
Едно истражување кое било спроведено неодамна открило дека да се биде родител кој постојано е дома, воопшто не е лесно. Освен тоа, истражувањето покажало дека тоа дури е и потешко отколку да се работи полно работно време.
Имено, во истражувањето каде што учествувале 1.500 мајки и татковци, од нив 31% се изјасналиле дека останувањето дома со децата е многу потешко отколку секој ден да се оди на работа.
Со ова истражување им се појаснува на сите дека да се биде родител воопшто не е едноставна работа.
„Да се биде родител е неверојатно чувство, но мораме да сфатиме дека тоа е влегување во сосема ново поглавје во животот кое може да донесе многу стрес и грижи. Поради тоа сакавме на новите родители да им откриеме дека првите години никогаш не се лесни, а исто така и да ги поддржиме“, рекла Ребека, водач на истражувањето.