Бебе

Откриено е во кој период од денот најлесно ќе забремените

Кое е најдоброто време за правење бебе?

Според едно ново истражување на Универзитетот во Цирих откриено е дека постои најдобро време за забременување.

„Квалитетот на спермата се менува во зависност од периодот на денот, односно ритамот“, изјави авторката на истражувањето др. Бриџит Ленерс. Според неа, раните утрински часови се најдобри за правење бебе.

Попрецизно, научниците откриваат дека идеално време е околу 7 и 30 часот. Откриено е дека топлите летни месеци се најмалку плодни, а до самите податоци дошле преку испитување на примероци во кои го следеле бројот на сперматозоидите, нивната подвижност, облик и концентрација.

Па доколку планирате бебе, сега барем знаете дека најдобро е утрото да го почнете на љубовен и романтичен начин.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close