Бебе

ОВАА МАЈКА СТАНА МЕТА НА КРИТИКИ: Ја обвинуваат за злоупотреба, а таа само и ги дупнала ушињата на ќерка си!

Многумина ја нападнаа поради овој потег

24- годишната Леви Конел од Англија стана мета на критичарите на социјалните мрежи кои изјавија дека е „одвратна“ затоа што ги дупна учите на нејзината ќерка Вилоу која има само осум недели.

Фото Фејсбук/ Nath Wright

 

Имено, некои дури ја обвинија дека станува збор за злоупотреба, пренесува Мирор.

Леви вели дека сакала да ги дупне ушите на малото девојче кога имало само 4 недели, но истакна дека ги послушала советите да почека уште еден месец.

Нејзината мајка и партнерот исто така се сомневаа дека ова е правилна одлука, но таа верува дека е во право.

 

– Видов на една група на Фејсбук како зборуваат за мене. Тие коментираа дека сум одвратна и дека го злоставувам детето. Мислам дека не сум направил ништо лошо. Моето девојче веќе се навикна на мини обетки и не и пречат- вели таа и додава дека се поштедила себе си и својата ќерка за драмата на дупнување на ушите на подоцнежна возраст.

„Луѓето треба да го задржат своето мислење за себе“, рече таа.

 

– Ушите и беа дупнати со игла во студио за пирсинг. По првата дупка таа се вознемири, а кога се смири, направија и втора. Се беше готово за миг – вели мајката.

Кога е вистинско време да се дупнат ушите на бебето?

 

Според педијатрите најдобро е да се почека со ставањето на обетки. Тие препорачуваат да се дупнат ушите на детето после шест месеци од неговото раѓање, или подоцна.

 

– Кога се дупчи увото, постои можност за добивање разни инфекции бидејќи кај децата помали од шест месеци сè уште се развива имунолошкиот систем, па ги советувам родителите да почекаат нивното бебе да наполни најмалку шест месеци – објаснува Венди Су Свансон, педијатар од Сиетл.

Според педијатрите до две недели по дупнувањето на ушето може да се појави инфекција кај детето.

Дупнување на ушите на Благовец

 

 

Во Македонија традиција е да се дупнуваат ушите на децата на големиот празник Благовец. Се верува дек ана овој ден болката е помала, и раната не боли па поради тоа многу мајки се одлучуваат на овој ден да стават обетки на своето дете.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close