MAMA

5 лаги во кои веруваат новопечените мајки – прочитајте и утешете се!

Искрено, првите недели по породувањето животот може да биде навистина тежок...

Мирисот на новороденчето не може да го замени нишо на светот. Среќни сме што сме мајки. Но, за некои ова може да биде нависина тежок период. Тогаш помислувате дека некои работи нема да се вратат во нормала, но, сепак грешите…

Никогаш веќе нема да спиете ноќе

Физички би било невозможно која било мајка засекогаш да има лош сон. Секогаш имате на ум дека ова е само фаза. Вашето дете ќе почне да спие во текот на ноќта. И вие исто. Ќе дојде ден кога ќе ја преспиете цела ноќ и ќе се разбудите свежи.

Нема повеќе да патувате и да правите забавни работи

И мајките се луѓе. Да, некое време сепак ќе мора да бидете близу својот дом, но ќе дојде време кога повторно ќе имате време за себе. Ќе излегувате со пријателите, ќе патувате, ќе имате различни авантури. Повторно ќе бидете она што сте.

Телото ми е уништено

Да, вашето тело изгледа навистина лошо, лицето ви го нападнале темни кругови околу очите и не можете да замислите нормално седење на стол. Ќе бидете зачудени кога ќе забележите колку е телото во состојба да се менува за бебето, но исто така во исто време и да се врати во својата стара состојба. Можеби нема да биде идентично како пред бебето, но ќе биде прилично слично. Само дајте си време.

Никогаш веќе нема да бидеме сами сопругот и јас

Децата не ја окупираат само куќата, туку и спалната соба. Но, знаете што – ова е само привремено. Со текот на времето децата ќе се сместат во свој простор. Ќе спијат сами и ќе тргнат на училиште. Не откажувајте се од романтиката со вашиот сопруг!

Никогаш нема да ја соблечам оваа облека и да излезам од дома

Со првото бебе, навистина имате чувство како засекогаш да сте во некоја стара и извалкана облека. Во еден момент во блиска иднина ќе се средите, ќе се нашминкате и ќе изгледате совршено. Верувајте ни!

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close