MAMA
Родители, внимавајте:Тинејџерите имаат тајни кодови, новиот тренд TikTok и не е толку забавен како што изгледа
Апликацијата TIKTOK е сè повеќе попопуларна платформа каде корисниците споделуваат забавни видеа, но сепак не е се така забавно.
Апликацијата TIKTOK е сè повеќе попопуларна платформа каде корисниците споделуваат забавни видеа, но сепак не е се така забавно.
Имено, се покажа дека тинејџерите имаат тајни кодови кои преку апликацијата ги известуваат дека се вознемирени или депресивни.
Фразата „Имав тестенини за вечера“ е повик за помош. Се споменува дека реченицата „Јас истовремено користев шампон и балсам“ го има истото значење, пишува „Јаху њуз“. Членовите на генерацијата Z се изложени на најголем ризик од ментално заболување. Се верува дека ова е поврзано со социјалните мрежи, пренесува ВТ.
Податоците од американските центри за контрола и превенција на болести откриваат дека кај генерацијата Z, на возраст од 10 до 24 години е зголемена депресијата и посегнувањето по својот живот зголемена за 56 проценти од 2007 и 2017 година.
Апликацијата, која во прв план го поставува креирањето видео содржини и е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, ја освои генерацијата Z.