Дом и семејство

Како да го осигурате домот за време на празници и одмори

Со сите забави, настани и патувања со кои ќе се почестите за претстојните празници, најверојатно ќе поминете помалку време дома од вообичаеното. 

bezbedendom600 

Најобезбедената куќа на светот 

Комбинирајте го тоа со дополнителни шопинзи и, без плашење, но веќе сте идеална мета за провалниците. За да си помогнете да се фокусирате на веселиот и среќен период од годината, размислете и за безбедноста на вашиот дом. Последно нешто за што сакате да се грижите се натрапници-посетители, а еве и неколку работи што можете да ги направите за да им отежнете. Бидејќи крадците често не знаат што има за крадење, провалната кражба е коцка. Затоа, тие сакаат лесен упад со што е можно помал напор. Но, колку потешко ќе им направите, толку помалку е веројатно дека ќе ве одберат вас како цел. Затоа, земете ги во предвид следниве совети и трикови за побезбеден, посигурен дом.

bezbednosendomeden

1/11  Стоп за вашата пошта

Преполнетото поштенско сандаче идентификува лесна мета за крадците, бидејќи тоа значи дека станарите се, повеќе од веројатно, надвор од градот. Договорете некој друг да ја зема вашата пошта или ставете ја испораката во мирување.

2/11  Не штедете на добра врата и брава

Поголемиот дел од провалите се случуваат низ влезната врата. Секако дека ви треба цврста дрвена или метална врата што нема да попушти и брава со врвен квалитет во комплет со неа. Проверете во вашата локална продавница за железарија за брави со оценка ‘најдобри’.

 

3/11  Ставете тајмери за сијалиците и електрониката

Провалниците бараат шеми кои сигнализираат дека не сте дома.  Автоматизирање на светлото од сијалиците и сенките помага за нивно спречување. Затоа вашиот дом треба да изгледа како да живеете во него. За таа цел земете ги во предвид сензорските светла и тајмери ​​за радио, телевизија или другата електроника внатре. И уште подобро е ако можете да се разликуваат од шемата, да речеме да не се вклучуваат во 18:00 часот секој ден за целото време додека не сте дома.

Премини на следната страна >>

1 2 3 4 5Next page
Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close