Кафе муабет
Џејла Рамовиќ повеќе не молчи: Кажа се за односот со Марија Шерифовиќ- таа ли е причината за нервното растројство на пејачката?
Тие с емногу добри пријателки...
Неодамна се одржа доделувањето на MAC наградите а меѓу првите пристигна пејачката Џејла Рамовиќ која со своето елегантно издание остави многумина без зборови.
Иако во изминатиот период нејзиното име постојано беше во јавноста воглавно поради наводната врска со нејзината колешка Марија Шерифовиќ, сепак тоа ни малку не и пречеше и таа насмеана позираше пред припадниците на седмата сила, а потоа на изненадување на многумина одговараше на прашања за нивната врска.
Имено, пред извесно време Марија Шерифовиќ предизвика инцидент на сред улица кога викаше на целиот глас и со рака удираше во автомобилот, претставниците на седмата сила ги интересираше дали тогаш и се јавила на Марија и како таа реагира на шпекулациите дека таа била причина за тој инцидент.
– Тоа не е моја работа, не би зборувала многу за тоа и не би зборувала за Марија Шерифовиќ. Не знам дали сум јас причината, не би коментирала ништо поврзано со Марија и тој настан – заклучила пејачката во интервју за медиумите.
Неодамна Џејла беше гостинка кај Огњен Амиџиќ во емисијата „Амиџи шоу“ каде водителот без влакна на јазикот ја праша дали била во врска со Марија.
– Пишуваа разни наслови. Претпоставувам дека така се чувствувале луѓето, не можеле да ми најдат ништо, па така ја измислиле приказната со Марија со која сум блиска. Таа ми беше ментор, а потоа ја продолживме соработката. Тоа е пријателски однос – објаснила Џејла.
Џејла Рамовиќ беше победничка на тринаесеттата сезона на натпреварувањето „Ѕвездите на гранд“, каде нејзин ментор беше Марија Шерифовиќ.
Младата пејачка од Босна и Херцеговина неодамна го објави својот нов сингл наречен „Спарта“, кој пристигнува по двегодишна музичка пауза. Во гостувањето таа откри дека би сакала да сними песна со Марија.
Џејла откри дека моментално е слободна и дека досега имала само две врски.
За нивниот однос претходно зборуваше и Марија Шерифовиќ.
– Во последно време слушам од пријатели дека никој нема самодоверба кога станува збор за почеток на нешто ново. Ги немам овие проблеми, правам чекор и никогаш не чекам, низ смеа изјавила Марија.
Марија во оваа прилика се осврна и на наводната врска со младата пејачка Џејла Рамовиќ, за која често пишуваа некои медиуми. На прашањето каква е нивната врска таа остро одговори бизнис-пријателска.