Кафе муабет

Ќерките на Карлеуша воодушевија со својот новогодишен стајлинг: Ги облекоа фустаните на мама и ги собраа сите комплименти

Веќе се големи девојки...

Поп дивата Јелена Карлеуша помина уште една новогодишна ноќ во работна атмосфера, настапувајќи во елитен белградски хотел.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Но колку е таа посветена на своите ќерки покажа со тоа што и оваа вечер сакаше да ја помине со нив, па ги поведе со себе.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Тие заедно со својата мајка дојдоа во хотелот каде Јелена Карлеуша настапуваше а очигледно е дека тие се особено горди на својата мајка која ја следеа од нивните удобни позиции.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Затоа, покрај стајлингот на пејачката, кој се коментираше веднаш штом се качи на сцената, за многумина беше интересен и стајлингот на Атина и Ника Тошиќ кои особено ги изненадија сите присутни.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Како што самата пејачка им откри на новинарите, ќерките го позајмиле стајлингот на нивната мајка за „најлудата ноќ“.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Атина и Ника се тука, беа со мене и лани, сега веќе се во фустаните и чевлите на мајка им, тоа можам да ви го кажам, веќе се големи девојки, многу сум горда на тоа – изјави Јелена.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Ќерките на Јелена Карлеуша дочекот не го поминаа само со нивната мајка, која ја помина работно таа вечер, туку и со тетката на Јелена, Данијела.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Наследничките на мама навистина веќе се доволно пораснати за да ги носат нејзините комбинации, а сите се согласија дека избраните стилови совршено им одговараат.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Јелена во една прилика откри како сите написи поврзани за неа влијаат на Атина и Ника и истакна дека била изненадена од тоа колку нејзините ќерки всушност зрело размислуваат.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Тие се две девици и тоа значи дека чуваат се за себе, што секако лошо влијае на нив. Кога поминував низ некои проблематични и кризни ситуации во мојот живот, отидов на нивните профили на социјалните мрежи за да прочитам што им пишувале сите деца и сфатив дека моите ќерки се посериозни, позрели, посилни отколку што мислев дека ќе бидат бидејќи буквално дома не зборуваа за тоа, не придаваат значење и не сакаат да ја нервираат мајка им.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

И кога јас прва ќе почнам да зборувам за тоа, веднаш ми велат: „Боже, мамо, нормално е, знам, не мора да ми објаснуваш“. Тогаш сфаќам дека одгледав силни деца. Можеби звучи тажно што воспитував силни девојки наместо, да речеме, безгрижни девојки, но тие мораа да бидат такви.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Ќерките на Јелена Карлеуша особено ги почитуваат одлуките на мајка си. Така четиринаесетгодишната Атина и една година помладата Ника веќе добро знаат како да се справат со популарноста на нивната мајка а Јелена откри и каков однос имаат девојките со тато Душко.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Душко, како и секој тато, најчесто е аксичка прасичка. Тие обично имаат сериозни разговори со мене, иако и тој се труди максимално да разговара со нив колку што може. Она што е многу важно, морам да го пофалам Душко, тој никогаш не се спротивставил или противречи на ниту една моја воспитна одлука. Кога ќе му се пожалат, тој само одговара: „Ако мама рече така, ќе биде така“. Тој знае дека секогаш го правам најдоброто за нив и знае дека не попуштам, додека тој им попушта во се. Секогаш кога се работи за работи кои се важни за нивното школување или воспитување, тој не ми се меша во одлуките и му благодарам за тоа – откри неодамна за Стори Јелена Карлеуша.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close