Кафе муабет

Ќерката на Драгана Мирковиќ се надмина себеси: По коментарите дека незнае да се облече се појави во совршен стајлинг и ги собра сите погледи

Мануела е копија на мама...

Јавноста беше изненадена кога минатата година наследничката на Драгана Мирковиќ, нејзината ќерка Мануела Бјелиќ реши да отвори свој Инстаграм профил па тогаш за прв пат имавме можност да видиме во каква убавица пораснала и дека е копија на нејзината мајка.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Имено Мануела по кратко време реши да го затвори својот профил и истакна дека нејзините фотографии биле злоупотребени од страна на одредени медиуми, па сега профилот е приватен.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

На ваквата нејзина одлука особено беше горда мама Драгана која истакна дека ја поддржува во се што таа ќе реши.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Мануела немаше ни многу време да размислува за својот стил на облекување бидејќи преку ноќ стана една од најпопуларните девојки на Инстаграм.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Модниот стил на Мануела Бијелиќ во текот на изминатата година се толкува на различни начини. На некои им се допадна начинот на кој наследничката на фолк дивата се грижи за својот изглед, а други знаеја да бидат многу строги со неа, а каков и да е нивниот став, сите се согласија во едно, а тоа е дека Мануела е скромна барем кога станува збор за модата.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

– Синот не сака да се појавува, но сите го гледаат. Ќерката се повлече, премногу и беше, сепак е жена, се смее на некои работи, не е луда по социјалните мрежи. Нејзе и е непријатно да ја има на порталите, не влијаев на неа, само ја споделив нејзината објава. Мене ми е важно само да се среќни, рече Драгана.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Стајлингот на Мануела Бијелиќ и овој пат предизвика бура рекации.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Модните експерти или оние кои веруваат дека припаѓаат на тој табор, најмногу нашле маани кај ќерката на Драгана Мирковиќ, истакнувајќи го фактот дека со парите што ги има семејството Бијелиќ, таа може многу подобро.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Мануела сега докажа дека со малку труд може да се облече совршено па на новогодишната ноќ блесна во сиот свој сјај. Имено, таа за новогодишната ноќ одбрала светкав фустан во кралско сина боја кој ја истакна нејзината совршена линија и извајаните нозе.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Стајлингот на Мануела Бијелиќ ги засени сите досегашни модни комбинации кои таа ги носеше, а се коментира дека наследничката на милионерот Тони Бијелиќ конечно побарала совет од експерт или дека созреала во модата.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Прекрасно облечена, Мануела ја дочека 2023 година со своите пријатели во елитната област во Виена во близина на станот во кој живее со нејзиниот брат Марко, кој пак често пати добива комплименти за својот шарм.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ
фото инстаграм/Мануела Бјелиќ
фото инстаграм/Мануела Бјелиќ
фото инстаграм/Мануела Бјелиќ
фото инстаграм/Мануела Бјелиќ
фото инстаграм/Мануела Бјелиќ
фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close