Кафе муабет
Ќерката на Брижит Макрон за прв пат проговори за врската која сè уште ГО ШОКИРА СВЕТОТ: Откри се за разводот- еве како дознале за врската на мајка им и нејзиниот ученик
Тие се синоним за љубов...
Ќерката на Брижит Макрон, Тифани Озиер, за прв пат јавно проговори за романсата меѓу нејзината мајка и францускиот претседател Емануел Макрон.
Во новиот документарен филм „Брижит Макрон: Француски роман“, најмладата ќерка на Брижит, Тифани (34) го опишува времето кога нејзината мајка се заљубила во студентот Емануел.
Брижит го запознала актуелниот француски претседател кога предавала во средното училиште што тој го посетувал во северна Франција. Двојката се венчала во 2007 година, една година откако таа се разведе од банкарот Андре-Луис Озиер.
„Тие беа затрескан еден во друг и беше сосема очигледно што се случува меѓу нив но и многу тешко“, изјави таа за Тајмс.
Тифани имала девет години кога започнала љубовната врска на нејзината мајка со тинејџерот Емануел. Таа првпат слушнала за врската кога нејзината сестра, која била во исто одделение со Макрон, се вратила од училиште и рекла:
„Мамо, во нашиот клас има едно глупаво момче кое мисли дека знае сè“.
Документарецот го истакнува и моментот кога Макрон и изјавил љубов на Брижит, кога имал 16 години.
Според филмот, неговите родители ја замолиле Брижит да престане да се гледа со него додека не наполни 18 години, но таа одговорила: „Не можам ништо да ветам“.
Зборувајќи за посветеноста еден кон друг Тифани рече: „Ако треба да дадам дефиниција за љубовта, тоа се Емануел и мама. Кога се заедно, речиси е како светот да не постои за нив“.
Таа додаде дека децата „најмалку страдале“ кога нивните родители се развеле.
Иако првата дама не беше интервјуирана во филмот, во минатото зборуваше за бракот со Макрон.
Зборувајќи за разликите во годините во нејзината врска, таа изјави за Ел Франс:
„Постојат моменти во вашиот живот кога треба да донесувате важни одлуки. Се разбира, појадуваме заедно, јас и моите брчки, тој со младоста, но така е. Да не ја донесев таа одлука, ќе ми недостигаше животот. Чувствував дека треба да го направам ова, за „Како што рече Превер, да бидам целосно среќна“.
Таткото на францускиот претседател Жан-Мајкл Макрон даде интервју за француски „Л’Алзас“ во кое, меѓу другото, се осврна и на врската на неговиот син со сопругата и ги демантираше гласините дека бил принуден да промени училиште поради неа.
„Ова се приказни за мали деца. Од почетокот беше договорено Емануел последната година од школувањето да ја помине во Париз, во училиштето „Лајс Анри-IV“, за да му олесни да се запише на факултет, рече тој.
“Кога си маж, знаеш дека 17-годишник ќе направи што сака. Од него зависи, тоа е неговиот живот”, рекол Жан-Мајкл.
Тој истакна дека слободата е важна вредност за него и дека „Емануел покажа дека е слободен“.
„Можеби беше рано, но подоцна се покажа дека има нешто реално“, додаде тој.
На мајката на францускиот претседател, Франсоаз Ногез, наводно и било потешко да ја прифати оваа врска, но авторката Гаел Шакалоф во својата книга вели дека врската со Брижит ја опишала како пријателска.
„Немам друга таква пријателка, имаме исти интереси, исти приоритети, си кажуваме се“, вели авторката Франсоаз, а пренесува gala.fr.