Кафе муабет
Љубовницата на Душко Тошиќ беше најдобра пријателка на ќерката на Саша Поповиќ- со неа ги делеше сите тајни а потоа парите го направија своето
Поранешни најдобри пријателки...
Првите пријателства во животот ги стекнуваме меѓу врсниците кои ги среќаваме во градинка и училиште, а често нашите родители го прошируваат тој круг со тоа што не запознаваат со децата на нивните колеги и познаници.
Така беше и во случајот со Александра, ќерката на Саша Поповиќ, која од мали нозе се дружела со Софија Шашиќ, ќерката на Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ.
‒ Александра сака музика, знае многу песни и постојано пее нешто. Нејзината најдобра пријателка е Софија, ќерката на Жељко Шашиќ. Спијат една до друга, одат во исто одделение, седат на иста клупа и заедно вежбаат тенис – откри првиот човек на „Гранд“ во интервјуто кое го даде пред неколку години.
Во меѓувреме, Александра и Софија пораснаа, па иако имаат горе-долу иста почетна точка, секоја тргна по својот пат. И, според она што може да се забележи тие долго време не се најдобри пријатели.
‒ Нашата ќерка Александра е прекрасно девојче кое завршува ИТ академија, има најдобра пријателка Ката и убав приватен живот и секогаш вели дека сака така да остане – изјави Саша а Сузана Јовановиќ додаде:
‒ Многу е скромна, ништо не бара. Таа е дете на познати родители и може да има се, но не бара ништо. Навистина сум горда и секој ден велам дека сум благословена што имам такви деца. Таков е и синот, па и таа.
Од друга страна, Софија Шашиќ даде повеќе причини од Александра да биде во медиумите. Судејќи по нејзиниот „Инстаграм“, јасно е дека ужива во патувањата, брендираната гардероба и животот на „висока нога“. Се пишуваше и за нејзините посети на естетски хирурзи во Турција, а на мета на таблоидите беше и нејзиниот љубовен живот. Ја поврзуваа и со Душко Тошиќ, поранешниот на Карлеуша за што таа негираше.
Дека првите есенски денови ги поминува во Париз сведочат најновите објави на младата инфлуенсерка која ја следат повеќе од сто илјади луѓе.
Александра има свој бизнис
Ќерката на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ јавноста ја запозна на свадбата на Даниел, синот на пејачката од првиот брак.
Таа не се експонираше во медиумите и исто како и нејзиниот брат, го криеше приватниот живот од очите на јавноста.
Но сега Александра Поповиќ реши да го промени тоа, по се изгледа не сака да остане анонимна па деновиве доаѓа на настани со мајка си и татко и, па конечно можеме да ја видиме.
Нејзината мајка Сузана во една прилика откри дека Александра избрала професија со која ќе се занимава во иднина, барем за некое време.
– Александра е креативна девојка и има немирни прсти. Студираше дури на два факултети, но двата ги остави затоа што едноставно се барала себе си, а можеби и се бара. Меѓутоа, бидејќи не сака да троши пари, а сака сама да заработува, заврши курс за денешното многу популарно средување на нокти, па почна да работи маникир. Нејзин прв клиент и модел беше нејзината мајка Сузана, но ова и оди многу добро, па реши да го прошири овој бизнис, за што секако го има потребниот почетен капитал – изјави тогаш медиумски извор, а Сузана ги потврди и наводите, гостувајќи во емисијата Милизам:
– Ниту мојот син од првиот брак, ниту ќерката не ја сакаат јавноста и никогаш не можете да ги видите во медиумите. Нашата ќерка досега смени два факултети. Не ни знае што сака да прави, па се бара себеси. Таа неодлучност ја наследи од мене и јас прво се запишав на економско, па се префрлив на трговско, бидејќи не ме интересираше економија. За неа сè уште не е искристализирано, но нема да биде јавна личност. Моите деца се така родени и ни го наметнаа тоа. Ни рекоа „ако вие треба да бидете јавни личности ние“ не мораме.
Извор близок до Саша Поповиќ неодамна откри дека неговата наследничка ја краси скромност, дека не е заинтересирана да се занимава со јавна работа и дека избрала необична професија за себе.
– Александра е свесна кои и се родители, не се срами од нивните работни места, многу е горда на татко и и мајка, на нивните кариери и успеси, но едноставно не ја сака јавноста – започнува изворот.
– Својот идентитет го крие на социјалните мрежи, се дружи со обичниот свет и не пати од однесувањето на кое се склони нејзините врсници, чии родители се познати личности – додава изворот.