Кафе муабет
ЈОВАНА ЈОКСИМОВИЌ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ СО ФАЈЗЕР: Бев болна седум дена по вакцината- по тестот за антитела останав шокирана!
Водителката се вакцинираше против Ковид-19...
Уредничката и водителка на утринската програма на телевизијата „К1“, Јована Јоксимовиќ, ја доби првата доза на вакцината „Фајзер“ во јануари.
По добивањето на втората доза, нивото на нејзините антитела на IgG е 39,56 индекс.
Јована во интервју за „Блиц“, објаснува зошто одлучила да ја прими вакцината, како и зошто ја одбрала вакцината на американската мултинационална фармацевтска компанија.
– Добив „Фајзер“. Бидејќи во разговори со експерти и луѓе кои знаат многу повеќе од мене, заклучив дека ова е вакцина која е произведена со употреба на некои нови технологии. Лесно е достапно за јавноста да го разгледа целото истражување на темата за оваа вакцина и е разјаснето многу во врска со неа, што е секако добро. Сфатив дека приказната за таа вакцина е транспарентна и дека алергиските реакции што се јавуваат во некои случаи се многу мали. Тие скоро и да не постојат. И тоа ми беше важно – вели Јована.
Таа исто така истакна дека чувствувала одредени симптоми само по повторната вакцинација со Фајзер…
– После првата доза на вакцината, немав никаква реакција, освен што малку ме болеше левата рака, во која добив бoоцкање со иглa. Сепак, по втората доза, имав треска, носот ,ми течеше, кашлав. Тоа траеше седум дена, ми беше лошо. Она што е важно, седум дена по ревакцинацијата, отидов да проверам антитела и имав 35 . И овој резултат што ви го испратив беше три и пол недели по вакцината, што значи дека нивото на антителата многу се зголеми. Драго ми е што испитувањето покажа дека првата доза на вакцина „Фајзер“ доволно штити и го зголемува бројот на антитела. Ако требаше повторно да се вакцинирам, повторно би избрала „Фајзер“ – искрена е Јована за српски Блиц.
Анализа направена во Израел ја потврдува високата ефикасност на вакцината на Бионтек/Фајзер.
Во последната студија која ја објави Дојче Веле спроведена од Здравственото осигурување Клалит кое во истражувањето опфатило 600.000 луѓе кои примиле втора доза од вакцината Фајзер. Според портпаролката на Клалит, во групата на вакцинирани имало 94% помалку симтоматски инфекции отколку во контролна група на невакцинирани луѓе. Кај оние кои се инфицирале и покрај примената вакцина, е регистриран 92 % помал тежок тек на болеста. Во испитуваната група од 600.000 граѓани околу 430.000 биле на возраст меѓу 16 и 59 години, а останатите на преку 60 години.