Дом и семејство

Јелена Томашевиќ БРЕМЕНА: Објави видео од трудничкото стомаче- тато Иван Босиљчиќ најсреќен!

Се присети на настапот во чест на покојниот Тоше Проески...

Пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ важат за еден од најхармоничните парови на јавната сцена, а малкумина знаат дека Јелена му го украде срцето на актерот уште пред да се запознаат.

фото инстаграм/Иван Босиљчиќ

Официјално се во врска од 2008 година, но ѕвездата на многу домашни серии и емисии во една прилика раскажа дека ја забележал својата идна сопруга три години порано, кога Јелена настапувала на Беовизија со песната „Утро“.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Кон крајот на август 2011 година, во црквата Света Троица во Горњи Милановац, еден од најшармантните парови се заколна на вечна љубов, а неколку дена подоцна се одржа и граѓанска венчавка.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Бремената Јелена Томашевиќ не ја криеше среќата што ќе се оствари во улогата на мајка, а следната година се роди нивната ќерка Нина, а гордите родители не кријат дека би сакале повторно да се исполнат во улога на родители.

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

Јелена сега ги израдува своите фанови со објава на својот „Инстаграм“ профил каде настапува во блажена состојба, која предизвика бројни реакции и сите воодушевено коментираат дека пејачката блеска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Tomasevic Bosiljcic (@jelenatomasevic_official)

– Вечерва се одржува голем концерт во чест на легендарниот Тоше Проески во неговиот роден град Крушево! Поминаа 15 години од неговото заминување, но љубовта и почитта кон овој голем човек се засекогаш тука! Благодарна што бев твој современик. Во ова видео сум бремена во 7 месец! Во 2011 година, емисијата на РТС беше во чест на нашиот Тоше, со мојот драг Боро Дугиќ – напиша Јелена и посветувајќи ја емотивната порака до нашиот непреболен Тоше Проески.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Инаку, Јелена Томашевиќ, која тогаш беше бремена, искажа голема почит кон својот трагично загинат колега со тоа што уште пред породувањето најде сила да одржи голем концерт.

ФОТО Story.rs
фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

Во една прилика Иван откри дека ќерката Нина за нив е центарот на светот.

фото Стори.рс

– Мојата намера да бидам строг со ќерка ми исчезна. Јелена и јас и даваме на нашата Нина неизмерна љубов. Животот ќе ја научи на останатото и таа ќе биде немилосрдно строга. И таа ќе издржи се само ако ја научиме на љубов – рече Иван за „Hello“.

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

Јелена и Иван прославија десетгодишнина од брак, а актерот нагласува дека не постои рецепт за совршена врска.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

– Секој брак е универзум за себе, не се осмелувам да давам совети на таа тема, единственото нешто за што можам да зборувам е начинот на кој ние живееме и начинот на живот од кој не се откажувам. На прашањето дали е романтичар, Иван вели:

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

– Таму каде што има чувства, има романси. Не мора секогаш да е слатко, 8 март. Секој што слуша, чувствува и замислува е романтичен. Мислам дека нема врска со возраста, ниту со времето каде живееме.

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close