UncategorizedКафе муабет
“Јелена го пријавла поради одмазда”: Еве што изјавил Душко Тошиќ во полициската станица!
Наводно не ја ни допрел пејачката...
Веќе неколку дена на големо се пишува за семејната расправија во домот на Душко и Јелена, која ескалирала во семејно насилство.
Имено Душко Тошиќ наводно во полицијата во своја одбрана изјавил дека неговата сопруга Јелена Калеуша го пријавила за семејно насилство, наводно поради освета, за да му наштети бидејќи нивниот брак наводно бил во криза.
-Повтори дека никогаш не бил насилен, како и дека никогаш во животот не кренал рака на сопругата. Тој рече дека е точно дека се скарале на ручек, но негираше дека имало физичка пресметка. Се заколна дека само го кренал гласот против пејачката, а таа од одмазда го пријавила во полиција бидејќи одамна не се во добри односи – наводно за „Информер“ изјавил извор од полицијата.
„Моето име, лик и дело треба да се појавуваат исклучиво во приказни поврзани со спорт и хуманитарни дела. За жал, тоа не е така, па затоа сум принуден да се обраќам на овој начин. Секаде сум претставен како насилник, иако не поддржувам насилство и никогаш не сум го употребил.Оние кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен, каде и да е и што и да прави.Затоа ќе останам доследен на себе, ќе игнорирам измислици и ќе чекам да помине овој ветер кој е насочен против мене“, напиша Тошиќ вчера на Инстаграм.
Да потсетиме, Јелена на 7 јануари го пријавила Душко во полиција тврдејќи дека ја плукнал и двапати и удрил шлаканица. Тошиќ потоа отишол во полициската станица Савски Венац каде дал изјава. Веднаш добил наредба забрана за приближување до пејачката во траење од 48 часа, што во неделата е продолжено на уште 30 дена.
-Јелена не ја удрив, не ја ни допрев, единствено е вистина дека се расправавме. Во брак сме долго време, јас сум посветен сопруг и татко. Најтешко ми е што наместо денес да бидам со децата и да го поминам празникот дома, поради пријавата на сопругата сум во ситуација да седам во полициска станица. Шокиран сум од тоа што ми се случува, не можам да разберам што ми се случи – наводно рекол Душко.
Инаку во јавноста постојано се шпекулира дека Јелена и Душко не се во добри однос а многумина се прашуваа и дали воопшто живеат заедно.
Дека не е се баш така сјајно потврдуваат и овие три последни изјави на Карлеуша…
По спектаклот за новогодишната ноќ новинарите ја прашаа дали Душко е горд на нејзиниот успех и концертот на кој присуствуваше.
– Мислам дека секој на негово место би бил исклучително горд, бидејќи не секоја жена го прави тоа што јас го направив. Секако најдобро е да го прашате – изјавила Јелена за Телеграф, но без суштински одговор.
Исто така, во новогодишното интервју со Јелена, на прашањето дали покрај смеа и солзи, имаше и романса во годината зад нас, пејачката одговори:
– Романтика… Па, не беше премногу романса. Неодамна се пошегував на снимањето на една реклама со Марија Шерифовиќ, ја нареков Гестапо, а всушност јас сум повеќе Гестапо. Јас сум исто како војник – ред, работа и дисциплина. На емотивен план се ми е многу обично и стандардно.
На прашањето дали би сакала нешто да се промени, во смисла на повеќе романтика или повеќе изненадувања, Карлеуша одговори:
– Не сакам изненадувања од тој вид, бидејќи медиумите потоа прават спектакл од тоа што дефинитивно не го сакам. Сакам да бидам смирена – сето тоа божествено, без изненадувања, само вака.
По смртта на Милутин Мркоњиќ, Јелена на Инстаграм објави порака за него и Ана Бекута, која допре до срцата на многумина.
И тогаш нејзините зборови ја заинтригираа јавноста, а сега прашање е дали таа откри како всушност се чувствува во бракот со Душко.
Таа тогаш, пишуваше за љубовта на Ана и Милутин, истакнувајќи дека Бекута го има она што Јелена отсекогаш го посакувала.
– Ме запозна со Мрка, беа толку среќни, заљубени до последниот ден како тинејџери, секогаш се држеа за рака, ми се јавуваа на телефон заедно да коментираме и да се смееме… Одеше секаде со неа, ја поддржуваше во се, заштитуваше и гледаше со гордост! Се воодушпевував кога ги гледав, затоа што во животот секогаш ми недостасуваше тоа. Тој се гордееше со неа, а таа со него! – напиша тогаш Јелена.