Дом и семејство

Ја наследи убавината од мама: Погледнете во каква убавица порасна Ника помалата ќерка на Карлеуша и Душко

Ника е вистинска ѕвезда меѓу врсниците...

Гените се чудо а за тоа говори и тоа што и Ника и нејзината постара сестра Атина од мајка си ја наследиле љубовта кон модата.

Фото принтскрин/Инстаграм

Атина минатата година наполни 14, а Ника 13 години. Јелена ја роди втората ќерка на роденденот на првата.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Убавата Атина за кратко ќе ја достигне висината на мајка си од 180 сантиметри. Атина пред да се повлече од социјалните мрежи го привлече вниманието покажувајќи исклучително чувство за мода.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Но освен постарата ќерка, сега и помалата Ника предизвукува низа позитивни коментари со нејзиниот изглед.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото принтскрин/Инстаграм
фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Ника неодамна објави видео на Тик-Ток по подолг период, а она што на многумина им „падна во очи“ е нејзината трансформација.

фото принтскрин

Имено, Ника, како што може да се забележи од видеото, значително порасна и се промени, што е нормално во нејзиниот тинејџерски период.

Фото принтскрин/Инстаграм

Таа порасна, ја пушти косата и изгледа навистина прекрасно.

фото принтскрин/Тик-Ток

Дека гените се чудо говори и фактот што и Ника и нејзината постара сестра Атина ја наследиле љубовта кон модата од својата мајка, а се пример за многу свои врсници.

фото принтскрин/Тик-Ток

Ника од мали нозе е посебна и единствена, а пејачката во неколку наврати истакна дека отсекогаш Ника била заинтересирана за спортот и науката, како и дека не е премногу среќна кога треба да се слика за медиуми.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Сепак, ситуацијата е нешто поинаква со социјалните мрежи, каде Ника е вистинска ѕвезда.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Таа доста време минува на Тик-Ток каде што редовно со својата армија обожаватели споделува интересни видеа, а посебно внимание привлече едно видео со неа во главната улога, каде искрено зборуваше за навредите и тешкиот период низ кој минувала.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Имено, Ника Тошиќ сака фудбал и сака да оди по стапките на нејзиниот татко Душко, што не е чудо ако се земе предвид колку тој е успешен во тој спорт, меѓутоа, пред да реши да тренира фудбал, таа се испробала и во одбојка, каде имала прилично лошо искуство.

фото принтскрин

Јелена Карлеуша своевремено на својот Инстаграм сподели за што се работи, а фактот дека тинејџерката се соочила со навреди на сметка на нејзиниот физички изглед и вишокот килограми растажи многумина.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Сите ме навредуваа кога почнав да играм одбојка, бидејќи бев дебела. Требаше да ослабам. Ништо не им кажав, тагував… Реков „добро“, држев диета, ослабев 12 килограми. Потоа повторно се здебелив – искрено раскажала помалата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ и открила дека имала разговор со мајка си, која во таа прилика и го дала најдобриот совет:

фото инстаграм/Душко Тошиќ

– Па нема да го кажеш тоа, дека си се здебелила – додала Карлеуша и открила дека нејзината ќерка ги надминала сите навреди, па среќна и задоволна продолжила по стапките на својот татко.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close