Кафе муабет
Ја крие кожата на стомакот бидејќи му е срам – Дарко Лазиќ повторно ќе оди на опеpaција?
Дарко ќе мора да ја затегне кожата за да не му пречи вишокот на телото...
Откако се преполови и ја доведе до совршенство својата фигура, Дарко Лазиќ, го покажа своето ново издание на базенот каде уживаше со неговиот син.
Имено, пејачот по операцијата на желудникот беше повеќе од задоволен кога успеа да ја стави во нормала својата тежина, додека извор близок на пејачот истакна дека Дарко ќе мора да ја затегне кожата за да не му пречи вишокот на телото.
Сепак, тој сè уште го покрива вишокот кожа на фотографиите.
– Кожата на Дарко виси и тоа му пречи, па реши да се стегне. Замислете колку кожа остана за некој што тежеше 142 килограми, а сега тежи 72?! Тој успеа да ја достигне посакуваната тежина, а со оваа операција ќе има тело како манекен – изјави извор близок на фолкерот.
– Ми рече дека ќе направи уште една операција и повеќе не размислува за ништо. Здосадено му е од доктори. Тој самиот не знае колку опepaции имаше откако доживеа ужасна сообраќајка пред две години. Но, тој сака да го стори ова, бидејќи сака да биде убав и стегнат по долго време – вели изворот.
Да потсетиме, Дарко истакна дека е многу задоволен од опepaцијата за намалување на жeлyдникот и дека сега се чувствува како нов човек.
– Килограмите ми беа голем проблем затоа што не можев целосно да ја правам физикалната терапија. А, движењето ми беше проблем поради тежината. Мојата крвна слика не беше најдобра, што можеше да предизвика многу поголеми проблеми. Разговарав со лекарите и тие ми рекоа дека најдобро решение е да го намалам желyдникот. Целата процедура помина без проблеми, имам неколку мали исеченици на стомакот – изјави Лазиќ пред неколку месеци.
Сепак Лазиќ, кој неодамна ја раскина свршувачката со Марина Гагиќ, сега се соочува со нови проблеми. Тој беше нападнат од фановите затоа што изгубил премногу тежина, и не само тоа, туку тие велат дека пејачот сега изгледа многу лошо и остарено.
Некои од коментарите за неговиот изглед ја изненадија јавноста.
Многумина коментираат дека пејачот повеќе не изгледа привлечно како порано.
Фановите велат дека тој ужасно пропаднал: “Треба да покачиш неколку килограми, ја изгуби харизмата. Само образите ви останаа, а исчезна и скапоценоста од вашите очи “.
Покрај овие коментари имаше и такви кои му посочија дека изгледа многу постаро: „Личиш како да имаш 60 години“.
Во оваа прилика Дарко не се огласи, а дали ќе ги слуша своите следбеници на Инстаграм и ќе накачи некој килограм времето ќе покаже.