Кафе муабет
Ја запроси а таа рече “НЕ”: Пејачката Александра Младеновиќ ја шокираше публиката- никој не го очекуваше ова!
Обожавател извади прстен додека таа пееше...
Александра Младеновиќ моментално е една од најангажираните млади пејачки на естрадата а многумина и велат дека е наследничка на Цеца Ражнатовиќ.
Нејзините настапи се секогаш проследени со добра забава и песни, но понекогаш има и интересни понуди. Сепак, она што таа сигурно не го очекуваше е дека ќе биде запросена.
Иако е емотивно исполнета, на обожавателите не им е проблем да ја опсипуваат со комплименти, да и подаруваат букети, но овој пат на нејзино големо изненадување таа доби и веренички прстен.
Имено, додека таа пеела, момчето од првиот ред и пришло, прво и подарило роза, а потоа ја прашал да се омажи за него, а нејзиниот одговор го растажил.
– Не, јас нема да се мажам. Благодарам за понудата секако – низ смеа рекла Александра.
– Не, не, не – извикувале пријателите на момчето кое ја запроси Младеновиќ.
Александра веќе неколку месеци е во врска со нејзиниот колега Исак Шабановиќ. Таа истакна дека е среќна и исполнета со него.
-Се гледаме, се слушаме секој ден, но деловните обврски не можат да чекаат. Се разбира тоа не влијае на врската, се сакаме повеќе од кога било. Не е љубоморен, тој е сигурен во мојата љубов. Ова не е врска на далечина, речиси секој ден сме заедно, но имаме и настапи.
– Убаво е, уживаме во љубовта. Тој дојде на мој настап и мислам дека прв ме забележа. Не обрнав внимание веднаш, па почнавме да се гледаме подоцна. Тој е многу срамежлив, но јас не бев првата што му пријде. Сè дојде спонтано – изјави Александра и додаде:
-Не ги запознав неговите родители, ги видов преку видео повик. Мама го запозна затоа што често е со мене и сега ме задеваат заедно.
Александра откри и што ја привлекло кај Исак, велејќи дека тој некако се истакнувал меѓу бројните додворувачи.
– Ме привлече неговата душа и искреност. Тој е внимателен, а денес е реткост да се најде таков човек – изјавила пејачката, пренесува Блиц.
Црногорскиот пејач со адреса во Белград, Исак Шабановиќ, минатогодишниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, за порталот „Аваз“ потврди дека е во врска со пејачката Александра Младеновиќ.
– Така е, јас и Александра сме во врска два месеци. Се обидовме да ја скриеме нашата љубов од очите на јавноста, но бидејќи и двајцата се занимаваме со музика и сме јавни личности, не успеавме. Можам само да кажам дека ни е убаво и дека уживаме во љубовта – призна Шабановиќ.
Минатата година Шабановиќ го освои второто место во „Ѕвездите на Гранд“, а Александра се прослави во 2015 година, со учество на популарниот музички натпревар.