Кафе муабет

Ја замени Рада за 15 години постара: Харис Берковиќ фати нова девојка, родителите сакаат да се откажат од него поради ова- ХАОС ВО ДОМОТ НА ПЕЈАЧОТ

Лути се поради разликата во годините...

Пред неполни два месеци познатата пејачка Рада Манојловиќ на својот Инстаграм профил призна дека повеќе не е во врска со колегата Харис Берковиќ со кого беа заедно шест години.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Јавноста беше заинтересирана за причината за раскинувањето со оглед на тоа што многумина мислеа дека оваа врска ќе успее да ги победи злите јазици, и дека Рада конечно ќе стапне на лудиот камен, но овие очекувања не се исполнија.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Наводно главна причина за раскинувањето на Рада и Харис биле неговите родители, кои не ја сакале Рада поради тоа што била повозрасна од него.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

– Иако со години беа во врска, родителите на Харис никогаш не ја прифатија Манојловиќ како потенцијална снаа. Тие веруваа дека Рада е воспитана сосема поинаку од нивниот син и дека нема да можат да живеат во хармонична заедница. Исто така, не им се допаднало тоа што пејачката е девет години постара од нивниот син, како и нејзиниот животен пат. Сакаат сосема поинаков профил на снаа- рекол неименуваниот извор.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

Рада на секој начин се трудеше да го освои срцето на семејството, но за жал, не успеа. По пандемијата на коронавирус, работите станаа уште покомплицирани. Тој е многу приврзан за семејството, не успеа да изгради успешна кариера во Србија, па најголемиот дел од времето го помина во Босна.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

– Секогаш кога доаѓаше во Босна, спиеше во хотели. Таа никогаш не дошла во неговата куќа, семејството избегнувало контакт со неа. Харис повеќе не можеше да го поднесе притисокот и го промени своето однесување кон девојката. Иако се трудела на секој начин да ја спаси врската, на крајот раскинале – заклучува изворот.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Но сега изгледа историјата се повторува, па младиот Харис Берковиќ (28) не губеше многу време по раскунувањето па утеха најде во прегратките на 15 години постара девојка.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Како што објавија медиумите наводно Харис започнал нова врска смао две недели по раскинувањето со со девет години постарата колешка. Но, не само што Рада и Харис раскинаа, тој толку брзо и најде замена на Рада што никој не можеше да поверува.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

 

– Врската на Рада и Харис долго време беше на климави нозе, но мислеа дека некако ќе ја надминат кризата. Кога Манојловиќ конечно сфати дека нема ништо од тоа и на Инстаграм призна дека двајцата повеќе не се заедно, на Харис исто така му олесна. Не му беше грижа, долго време беа заедно, но тој продолжи понатаму. Почна повеќе да излегува со пријателите, му приоѓаа атрактивни девојки, сето тоа му се допадна. Две недели откако Рада призна дека раскинале, започнал нова врска со жена која е дури 15 години постара од него. Ја запознал на неговиот настап преку заеднички пријатели и навистина ужива да биде со неа. Таа е од Босна, непозната е за јавноста и е плавуша. Искрите веднаш полетаа, многу му се допаѓа нејзината енергија и воопшто не ја забележува разликата во годините. Тој е толку приврзан за неа што наскоро планира да започне заеднички живот – вели нашиот извор.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

Сепак, како и со претходната врска така и сега семејството на Харис, наводно воопшто не ја сака потенцијалната идна снаа, па и овојпат се погрижило да не оди се според планот.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

– Исто како кога беше во врска со Рада, така и сега Харис има главоболка од семејството. Воопшто не ја сакаат оваа девојка иако е од нивна вера, што најмногу и замеруваа на Манојловиќ. Сега им пречи што таа е деценија и пол постара од нивниот син. Тие се многу лути на него. При расправија му рекле да не се враќа дома доколку реши да остане со неа. Не сакале ни со очи да ја видат Рада, па таа спиела по хотели, а за новата девојка не сакаат да слушнат. Сметаат дека е голем срам за него – заклучува изворот за српски Курир .

фото инстаграм/Харис Берковиќ
фото инстаграм/Рада Манојловиќ
фото архива
фото архива
ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм
фото инстаграм/Харис Берковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close