Дом и семејство
“Јас сум дете од епрувета”- синот на фолкерката Злата Петровиќ ја шокираше јавноста- откри детали кои никој не ги знаеше!
Не можела да забремени...
Синот на водителот Зоран Пејиќ Пеја и пејачката Злата Петровиќ, Јован важи за скромно момче кое и покрај славата на неговите родители не сака многу да се експонира во јавност.
Јован не го гледаме често во јавност, а сега за прв пат реши да си ја отвори душата и за медиумите откри шокантни детали за бременоста на неговата мајка пејачката Злата Петровиќ.
Јован вели дека е божјо дете и откри детаљ кој се случил при неговото раѓање, а за кој јавноста до сега ништо не знаеше.
– Мајка ми не можеше да остане бремена, отиде на ин витро, јас сум дете од епрувета и не се срамам од тоа. Никогаш, навистина никогаш не ми пречеше, а ниту на друштвото околу мене – изјави во една емисија и откри како родителите му го избрале името:
– Мајка ми имаше проблеми, немаше доволно крв. Требаше да се родам на осумнаесетти јануари, но тој ден беше погребот на Аркан и докторот не можеше да ја оперира мајка ми. Така се родив за мојата слава на Свети Јован, и го носам моето име по тој светец, откри Јован.
Инаку јавноста го запозна Јован откако се дозна дека работи во продавница за спортска облека.
Но сега тоа е минато, па Јован почна да работи на телевизија.
Јован рано се осамостои па така одамна самиот заработува а сега реши да се вработи во „Инста ТВ“ и да проба нова професија.
– Јован е вреден тип. Никогаш не му било проблем да работи, ниту сега. Не сака родителите да го издржуваат. А работата на телевизија е нов предизвик за него – изјави извор близок до Пејиќ.
Синот на Злата ги потврди овие сознанија и истакна дека е воодушевен од новата работа.
– Вистина е, навистина сум задоволен. Имам одлични колеги. Има многу убава енергија во насока. Работам како организатор, односно ги организирам сите настани поврзани со „Првиот бенд на Србија“. Одлично се снајдов – изјави Пејиќ.
Да потсетиме, Злата Петровиќ има два сина, Мики кои го доби во бракот со пејачот Хасан Дудиќ и Јован од бракот со водителот Зоран Пејиќ Пеја.
Пејачката секогаш истакнува дека е горда што ги одвела синовите на вистинскиот пат.
– Ако не ги гледате мојата душа и срце, сè друго е ирелевантно. Убаво е што, иако заработуваме добро, во ниту еден момент моите синови не сакаа да зборуваат за тоа чии се.
Злата не крие дека често го повикува постариот син да оди на настапи со неа, бидејќи тој е музичар, но тој не сака, за луѓето да не помислат дека тој успеал поради неговата мајка.