Кафе муабет
Ѕирнете во станот кој по смрттa на Мрка остана во раце на Бекута: Вреди милиони !
Пејачката ужива во луксуз...
Во самиот центар на Белград, на Врачар, се наоѓа луксузниот дом на Ана Бекута кој по см-ртта на нејзиниот долгогодишен невенчан партнер Мрка остана непроменет.
Имено пејачката не променила ништо бидејќи сакала да живее во најубавите спомени од нејзината љубов.
Во станот кој се води како дуплекс има огромна дневна, трпезарија, кујна, неколку спални, па дури и две тераси, пејачката долги години живеела со политичарот, го реновирала, украсувала а наводно не и било важно кога почнала приказната за тестаментот и распределбата на имотот на Мрка дали тој ќе и припадне на неа.
Таа неодамна јавно истакна дека е повредена од шпекулациите, не затоа што постои можност да го изгуби станот, туку затоа што ништо од горенаведеното не е точно.
Имено, Ана сама го купила овој стан, го опремила и живеела со Мрка долги години за што одамна изјавила за медиумите, а токму тоа што сите ја игнорираат нејзината изјава и се фокусираат на споменатите лаги најмногу ја повредува.
„Додека мојот свет се уриваше изминатата година, многу луѓе зборуваа за мојот и имотот на Милутин. Понекогаш беше тешко да се прочита и свари. Како да сум некоја сиромашна а не жена која работи, стекнувала и создавала во последните четириесет години. Можеби ви е незамисливо, но јас заработив повеќе од Милутин. Вложував мудро и живеев исто и пред него, со него и по него. Тоа што го имаше Милутин остана на вистинскиот наследник и јас немам ништо против тоа и никогаш немав. Нема тестамент и нема сапуници кои ги создаваат медиумите. Животот го живеевме во хармонија и договор. Можеби вие не би живееле така, тоа е ваша работа. Нашето беше наша работа. Никогаш не ме интересираа пари од едноставна причина што имав свои. Во периодот кога го запознав Милутин ми требаше само љубов, топлина и внимание. Го добив тоа и до крајот на неговиот живот живеевме во таа топлина, љубов и внимание.
Тажно е да се види колку за некои луѓе е неверојатно жена да има, жената да заработила, создавала и стекнала без маж. Ако нешто такво е неверојатно во 21 век, ние како народ имаме сериозен проблем.
Посакувам сите девојки да најдат љубов каква што ја најдов јас во Милутин. За парите порижете се сами. Така е послатко“ напиша Ана Бекута на својот Инстаграм профил.
Ана е многу отворена со медиумите, со неа нема лаги или скриени намери, за што сведочи и тоа што еднаш дозволила телевизиска екипа да ја посети и да направи неколку кадри во нејзиниот и станот на Мрка.
Иако пејачката дозволи тимот да ѕирне само во нејзината дневна соба, тоа беше доволно за јавноста да види во каков луксуз живее пејачката. Во големата соба, во која се влегува веднаш од вратата, има кауч со голем телевизор, како и трпезариска маса со столици.
Нејзиниот стан излегува на две големи тераси, каде што Ана одгледува цвеќиња.