Бебе

Ѕирнете во луксузниот стан на Ана Кораќ- партнерот и обезбеди живот од бајките, даде цело богатство за таа да биде среќна

Старлетата ужива во мајчинството...

Старлетата Ана Кораќ никогаш не криела дека сака луксузен живот а тоа и го овозможи нејзиниот сегашен партнер кој судејќи според фотографиите кои ги споделува има дебел паричник.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Партнерот ја опсипува со скапи подароци, па не е чудно што на мајката на своето дете и обезбедил луксузен живот.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Ана неодамна се породи и роди момче, а улогата на мајка како што вели, многу ја променила.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Кораќ ужива во секој момент што го поминува со синот, а избраникот постојано ја опсипува со внимание и скапи подароци. Обожавателите на атрактивната старлета веднаш забележале дека нејзиниот партнер е богат па не е чудно што искеширал многу пари за старлетата да се чувствува удобно во домот.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Ана на својот Инстаграм профил објави фотографија од станот во кој моментално е со своето дете и кучето, а глетката разнежни многумина.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Сепак, покрај идилата, сите го забележаа и луксузниот ентериер, а очигледно е дека старлетата особено внимавала на деталите и дека се погрижила се да биде украсено со стил.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Инаку Ана Кораќ не сака да го открива името на синот бидејќи како што истакна со нејзиниот партнер одлучиле да не го експонираат наследникот во јавност.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Ана не крие дека е пресреќна и ужива во новата животна улога.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Се чувствувам одлично, исто како што замислував, среќна, благословена и исполнета. Родителството ги буди највредните чувства кај жената. Моето срце, душа, цело битие се посветени на мојот син, кој е центарот на мојот свет. И бебето е премногу добро, слатко, мило и мало. Полека се запознаваме, се надополнуваме и слушаме, јас него и тој мене – рече Ана.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Што се однесува до несоницата, тоа се слатките маки за кои ми раскажуваше мајка ми. Сега целосно ја разбирам. Фала му на Бога, син ми е послушен, добро спие и обврските околу бебето, дали дење или ноќе, не ми се тешки. Штом се разбуди веднаш реагирам и брзо го заспивам. Се адаптиравме, па и јас спијам кога спие бебето. Во меѓувреме завршувам други обврски, но бебето ми е приоритет.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Само кога е потребно некој ми помага околу бебето. Не можам да кажам дека немам помош, но сама ги завршувам сите обврски околу син ми. Не сакам да се одвојувам од него, но во секое време му подарувам љубов и внимание. Секако, мајка ми е секогаш мојот најдобар советник и нејзината помош вреди злато – додаде Кораќ.

БОНУС ГАЛЕРИЈА: Погледнете како изгледаше Ана Кораќ пред да стане мајка!

фото инстаграм/Ана Кораќ
фото инстаграм/Ана Кораќ
фото инстаграм/Ана Кораќ
фото инстаграм/Ана Кораќ
фото инстаграм/Ана Кораќ
фото инстаграм/Ана Кораќ
фото инстаграм/Ана Кораќ
фото инстаграм/Ана Кораќ
фото инстаграм/Ана Кораќ
фото инстаграм/Ана Кораќ
фото инстаграм/Ана Кораќ
фото инстаграм/Ана Кораќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close