Кафе муабет
Ѕирнете во луксузниот дом на Емина Јаховиќ: Еве каде живее пејачката со синовите ПО РАЗВОДОТ!
Не и недостасува луксуз...
Јавноста беше шокирана кога во 2018 година Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал решија да стават точка на десетгодишниот брак.
Иако изгледаа како хармоничен пар, тие по разводот изјавија дека љубовта меѓу нив избледела.
-После 14 години заеднички живот и 10 години брак, јас и Мустафа донесовме одлука да се разделиме. Таа одлука не ни беше лесна, ниту ненадејна, туку беше обострана, бидејќи по долги и отворени разговори заклучивме дека нашата љубов, која беше голема и искрена, избледе со текот на годините. Нашата најважна мисија е да останеме добри родители на нашите прекрасни синови Јаман и Јавуз, истакна тогаш Емина.
По разводот пејачката остана да живее во Турција со своите синови. Таа на својот Инстаграм профил често споделува фотографии од новиот дом, а се чини дека луксузот баш и годи.
Трпезаријата во која доминираат неутрални тонови е првото нешто што ви паѓа во очи, а се чини дека пејачката ужива да го поминува времето во ова катче кое делува релаксирачко.
Освен што е добар познавач на модата, Емина ужива и во украсувањето на ентериерот, и го опреми домот во париски стил. Фотографиите и големите огледала дополнително го красат нејзиниот животен простор, а пејачката не пропушта прилика да позира во луксузот на својот дом.
Иако ретко ги покажува своите синови во јавност, кучето Лили е ѕвезда на нејзиниот Инстаграм, па често можеме да го видиме како се забавува со пејачката.
Поранешниот сопруг на Емина наскоро повторно ќе стапне на лудиот камен со две децении помладата Мелис Сутсуруп, а откриени се деталите од раскошната венчавка.
Емина во оваа прилика не се огласи, а изгледа и двајцата го продолжија животот во различни правци.