Дом и семејство

Ѕирнете во домот на Илда Шаулиќ: Луксуз на сите страни- оваа вила пејачката ја доби на подарок од нејзиниот сопруг

Ужива со семејството...

Илда Шаулиќ на подарок од сопругот Бојан Вучковиќ доби луксузна вила на Бежанијска коса каде што живее заедно со семејството.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Популарната „Карингтонка“ се наоѓа во соседството на Лепа Брена и зрачи со елеганција.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Инаку, пејачката уште од мали нозе живеела со родителите Шабан и Гордана Шаулиќ како „принцеза “, а сопругот и во бракот и овозможил да го одржи стандардот на кој била навикната.

Фото Азра.ба

Поради ќерката Ема, за семејството било исклучително важно куќата да има простран двор, за девојката да може слободно да си игра. Високата ограда, која делумно е составена од внимателно уредено зеленило, го штити семејството од љубопитните погледи од улицата.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Миленичката на трагично загинатиот крал на народната музика ретко ја покажува внатрешноста на својот дом, а врз основа на ретките фотографии кои ги објавува може да се забележи дека Илда ужива во вистински луксуз.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Инаку семејствата Шаулиќ и Вучковиќ отсекогаш биле блиски, а таткото на Илдa, покојниот крал на народната музка Шабан Шаулиќ и таткото на Бојан, сопругот на Илда биле одлични пријатели.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда го запознала својот сопруг, исто како и нејзиниот свекор и свекрва на рана возраст, а во една прилика открила како започнала љубовната приказна со Бојан.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Доволно е да се каже дека таткото на Бојан е еден од виновниците за љубовта на татко ми кон риболовот. Неговото семејство имаше викендица во Бановци, во која отидовме семејно – ја започна таа љубовната приказна за „Глоси“.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Меѓу нас немаше тинејџерски симпатии, бидејќи во тој период од осум години разлика, колку што е Бојан постар од мене, ги имаше многу. Тој отиде во Америка кога имаше 20 години, а јас само 12. Кога тој беше тинејџер, јас бев навистина дете. Братот на Бојан, Бранко ми беше најдобар пријател, бидејќи сме генерациски блиски. За Бојан, јас, Санела и Бранко бевме деца, па не му бевме интересни – рече тогаш таа и откри како изгледала нивната прва средба по долги години.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Мислам дека за него и за мене нашата прва средба, по долги години во кои не бевме во контакт, беше целосно изненадување. Кога седнавме да пиеме кафе, разговаравме како сите тие години да се гледавме секој ден. Можеби тоа ми беше невозможна мисија во тој момент, бидејќи ниту очекував ниту бев подготвена за врска и таков близок контакт со маж кој го познавам, а всушност не го познавам. Тоа беше многу специфична ситуација за мене, верувам и за него, но многу брзо и двајцата сфативме дека тоа е тоа и дека не погрешивме. Велам дека тој е мојата друга половина – открива Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Свекрвата на Илда Шаулиќ со цело срце навивала за оваа љубов, бидејќи Бојан се вратил од Америка, основал семејство со Илда и конечно повторно бил поблиску до неа.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Истовремено, семејствата Шаулиќ и Вучковиќ одржуваа блиски односи, а мајката на Бојан и се посвети на снаата во најтешкиот момент, кога пред три години го загуби татко и.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Свекрвата на Илда Шаулиќ и денес доаѓа на гробот на Шабан со снаата за да и даде утеха и поддршка и таа ја опсипува со љубов како втора мајка.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close