Дом и семејство
Ѓоко Јовиќ се откажува од музиката? Пејачот започнува сопствен бизнис- еве со што ќе се занимава!?
Ќе отвара теретана...
Пејачот Ѓоко Јовиќ од „Енерџи бенд“ како што пренесува “Убавина и здравје” ќе започнува со свој сопствен бизнис.
Како што беше објавено од горенаведениот медиум, Ѓоко Јовиќ решил да отвори своја теретана.
Очигледно е дека пејачот сака да инвестира во свој бизнис па наводно решил да отвори теретана во Илинден, каде и што живее со своето семејство.
„Да, точно е, Џоле отвара голема и можеби најмодерна теретана на територијата на градот Скопје. Во неа ќе има најмодерни справи за вежбање, туш-кабини, професионален тим кој ќе работи и ќе се грижи за клиентите“ – изјави близок пријател на пејачот за “Убавина и здравје”.
Фановите на Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд стравуваат од тоа пејачот да не се откаже од музиката, но со оглед на тоа колку ужива во она што го работи, се чини дека во скоро време нема таков план.
Инаку, Ѓоко и Ивана пред извесно време по четврти пат се остварија во улога на родители кога им се роди малиот Дарин.
Ѓоко и неговата поубава половина Ивана Јовиќ својата љубов ја крунисаа со брак пред петнаесетина години.
Како изгледа нивното љубовно гнездо во кое царуваат нивните деца, погледнете во продолжение: