Новости
ШOKAHTHO ОТКРИТИЕ: Нов мутиpaн вид на вирусот корона се шири во Европа!
Нов вирус од Шпанија се шири во Европа
Во поголемиот дел од Европа и 80 проценти од ВеликаБританија бил забележан новиот мутиран вирус наречен 20А.ЕУ1 кој потекнува од Шпанија.
Бидејќи секоја варијанта на вирусот има свој генетски потпис, може да се пронајде од каде потекнува.
Според меѓународен тим на научници, во моментот во Европа се шири нов мутиран коронавирус кој потекнува од Шпанија. Во истражувачкиот труд научниците кои што го следат вирусот преку неговите генетски мутации го опишаа извонредното ширење на новата варијанта на вирусот 20А.ЕУ1 кој потекнува од шпански земјоделски работници. Овој вирус од летото претставува голема закана.
Според научниците од Универзитетот во Базел кои работат во истражување на овој вирус, луѓето кои се враќаат од годишните одмори во Шпанија одиграле клучна улога во пренесувањето на вирусот низ цела Европа.
Истражувачите заклучиле дека „ризичното однесување“ на туристите во Шпанија, како што се игнорирање на упатствата за социјално дистанцирање, помогнало во ширењето на оваа нова варијанта на вирусот.
Вториот бран можеше да биде поблаг?
Според научниците, вториот бран на коронавирусот кој сега ја зафати Европа можеби и можеше да биде поблаг, но доколку не се појавеше новиот мутиран вирус, и доколку контролите на аеродромите и другите транспортни центри беа подобри и построги.
„Според ширењето на 20А.ЕУ1, се чини дека е јасно дека превентивните мерки честопати не биле доволни за да се запре понатамошното пренесување на нови видови на вирусот ова лето“, рече Ема Ходкрофт, еволутивен генетичар на Универзитетот во Базел и главна авторка на студија објавена во научно списание нагласувајќи дека 20A.EU1 е различна од која било верзија на вирусот Сарс-Ков-2 на кој наишла порано.
Екипите специјално работат со лаборатории за вирусологија за да утврдат дали 20A.EU1 носи одредена мутација на протеинот што вирусот го користи за да влезе во човечките клетки, што може да го промени неговото однесување.
„Не сум видела ниту еден ваков вирус од овој тип со таква динамика сè додека не погледнав во геномските низи на коронавирусот во Европа“, рече таа.