Кафе муабет
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДРАГАНА МИРКОВИЌ: Можно ли е да го направила ова- НЕ ЛИЧИ НА СЕБЕ (ФОТО)!
Затегнати образи, чело и очни капаци...
Драгана Мирковиќ важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот која воедно ја краси скромност.
И покрај својата успешна кариера таа не се однесува вообразено, се дружи со сите и го обожава своето родно место Касидол.
Но она што изненади многумина е фотографијата која излезе пред извесно време.
Имено пејачката на својата Инстаграм приказна постави фотографија и ги запрепасти фановите.
По се изгледа, Драгана која беше поборник на естетските корекции, сепак се решила за таков чекор и направила корекција на себе а многумина останале без зборови кога ја виделе.
Од затегнатото лице дури ја изгубила и својата препознатлива насмевка.
За трендот за естетски корекции Драгана во една прилика истакна дека засега не планира да менува ништо на себе бидејќи е задоволна со својот изглед.
– Јас сум таква каква што сум, нема сила која ќе ме натера да се променам, ако не сум се променила досега. Време ми е за естетски корекции, но се плашам од тие работи. Не се плашам од самата операција, но се плашам, кога ќе ме стегаат дека повеќе нема да не бидам јас, мојата насмевка тогаш нема да биде повеќе моја… Во јануари, наполнив 54 години, времеми е за корекции, но ако мене ми се допаѓа оваа јас, зошто би се сменила, ќе бидам убава баба, рече Драгана.
Инаку Драгана Мирковиќ со години важи за една од најпопуларните и најбогатите пејачки во регионот.
Според медиумите, богатството на Драгана Мирковиќ изнесува сто милиони долари, а многумина се прашуваат како скромната пејачка од Касидол успеала да се стекне со толку богатство.
Драгана во својата богата кариера има снимено дури 21 албум, а примарен приход има од нејзината пејачка кариера. Иако продажбата на ЦД ширум светот е намалена, Драгана има свој официјален канал на YouTube, кој сега има над 100.000 претплатници.
Нејзините видеа на „Јутјуб“ привлекуваат рекламни куќи, па Драгана има своевиден приход преку овој медиум, без разлика што преку оваа мрежа нејзините обожаватели бесплатно ја слушаат нејзината музика.
Сепак, пејачката најголем приход заработува од заедничките деловни зделки што ги прави со нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ: во 2005 година, двојката основа дигитална и кабелска телевизија во Пожаревац, именувана по Иницијалите на Драгана.
Според веб-страницата „Net Worth Celebrities“, најголемиот извор на богатство на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ е компанијата за продажба на луксузни автомобили Maybach.
Бидејќи нејзиниот сопруг и го префрлил целиот свој имот, Драгана е и сопственик на луксузна вила во Виена, како и на замок во близина на Австрија.
Пред неколку пејачката зборуваше за секојдневните обврски и животот во своите четири ѕида.
Драгана Мирковиќ одамна се здоби со статус на регионална ѕвезда. Иако ужива голема популарност и живее како принцеза, таа не крие дека во својот замок во Виена пред се е мајка, сопруга, па дури и домаќинка.
– Јас сум совршена жена, сакам се да подготвувам. Сакам тестенини, но немам проблем да влезам во кујна и да готвам. Уживам во се што е својствено за секоја жена затоа што искрено штета е жената да не знае да приготвува храна, мислам дека би требала да се срами. Не можам да кажам дека го правам сето тоа, или дека готвам секој ден, имам помош дома, но сакам да учествувам, особено кога се во прашање празниците, уживам во готвењето, почнувајќи од декорацијата.