Кафе муабет
ШОКАНТНА ОДЛУНА НА СОПРУГОТ НА Гоца Тржан: Раша започнува со нова работа? Пејачката не можеше да молчи- ова не го очекуваше од него
Сака да снима филмови за возрасни...
Сопругот на пејачката Гоца Тржан, Раша Новаковиќ, призна дека сакал да снима филмови за возрасни, но неговата сопруга му забранила.
Познатиот поп пар веќе извесно време снима сопствено реално шоу „Мојот совршен брак“ каде целата јавност може да види како тие двајцата функционираат зад четири ѕида, но и да дознае некои детали од нивниот приватен живот.
Така и овој пат Раша ги изненади сите со своето признание кое никој не го очекуваше.
– Имав идеја да снимам филмови за возрасни со мојот пријател. Гордана не ме поддржува, иако не би имала никаква врска со овие жени – рече Раша, додавајќи:
– Мислам дека мажот не е лош ако ја има таа желба. Кај нас тоа е секако кривично дело, но јас би сакал само да бидам продуцент на сето тоа – изјави Раша.
Очекуваат принова…
Подолго време во медиумите се шпекулира за бременоста на познататa поп пејачка Гоца Тржан.
Таа од бракот со Иван Маринковиќ, познат како учесник во реалното шоу Задруга, ја има ќерката Лена а сега објави среќна вест.
Имено, таа после долго време конечно успеа да одржи вонтелесна бременост. Нејзиниот многу помлад сопруг Раша се пофалил на пријателите кои цела вечер ги частел во кафеана.
Иако е во средни години, Гоца не е загрижена за оваа бременост и пресреќна е што доби шанса за уште едно дете.
Сè уште не смислиле име, навистина е рано за тоа кога не го знаат ни точниот пол на детето.
Гоца зад себе има еден неуспешен брак со Иван Маринковиќ, кој стана уште попознат како татко на детето Миљана, која во реалното шоу Задруга влезе додека беше бремена.
Гоца Тржан, неодамна во една емисија отворено одговарајќи на многу прашања, изјави дека првиот брак за неа бил грешка, но дека повторно би го повторила истото и дека од тој брак добила нешто најважно во животот.
Таа за прв пат ја отвори душата и искрено раскажа како се справува со прашањата поврзани со борбата за потомство а зборуваше и за тоа каква мајка е и откри како растеше Лена.
– Можам да ви кажам, тоа што се омажив за прв пат. Но, таа грешка ми ја донесе најголемата награда во мојот живот. И пак би повторила се, за да имам свое дете, искрено изјави Гоца Тржан.
Да потсетиме, поп ѕвездата која сега е во брак со Раша, веќе долго време се бореше за потомство и истакна дека долготрајната борба за заедничко потомство уште повеќе ги зближила и ја зајакнала нивната љубов.
– Мислам дека паровите кои навистина сакаат дете и се трудат да имаат деца, а не можат да имаат, чувствуваат болка до крајот на животот. Тешко е да се помирите со тоа и воопшто не сум сигурна дали на мажите или на жените им е потешко – рекла Гоца на почетокот на разговорот.
– Морав да бидам подготвена како жена која е 14 години постара од својот партнер да ми рече: „Слушај, јас се уште сакам да имам дете, а ти веќе ја помина границата кога веќе не можеш физиолошки да се породиш“. Немам право да го држам овој човек покрај себе и не го чувам ниту сега – искрено признала пејачката.
– Тој е моја, а јас сум негова поддршка. Знаете, кога ќе се случи ин витро оплодување и кога ќе се случи „неуспех“ во тој процес, тој секогаш ми вели дека му е многу тешко затоа што не може да понесе ниту еден дел од мојот товар. Се зависи од жените. Жените добиваат стимулација, жените поминуваат низ хормонални бури… Ментално е многу тешко. Хемијата и биохемијата функционираат така што сте толку напнати… Тоа е ПМС по 100! И тоа трае, на пример, од почетокот на стимулацијата до почетокот на зачнувањето или до моментот кога ќе дознаете дека не сте бремени.