Кафе муабет

Шокантната изјава на Данијела предизвика низа реакции: Повеќе нема кој да ме злоставува- пејачката ги збуни сите, беше ли ова за Грашо?

Данијела моментално е слободна...

Иако Петар Грашо веќе е семеен човек и ужива во улогата на татко и сопруг, јавноста се уште е заинтересирана за деталите од раскинувањето со Данијела Мартиновиќ со која беше во врска повеќе од две децении.

фото инстаграм/Петар Грашо

Петар и Данијела беа толку долго заедно што нивната разделба беше шок за многумина а уште поголема прашина се крена кога Грашо најави свадба со ќерката на неговиот долгогодишен пријател Тончи Хулиќ.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Јавноста шушкаше за можните причини за разделбата а Данијела не се огласи по тој повод но неодамна даде интервју во кое ја коментираше својата одлука покрај пеењето да се испроба и во писателска дејност, а меѓу редовите на она што го кажа некои протолкуваа дека таа испрати порака до Грашо.

Фото инстаграм/Петар Грашо

– На деветнаесет години се запрашав која сум. Сите мислеа дека треба да скокам од радост, тогаш ја започнував мојата пејачка кариера, ја вкусив популарноста. Но, имаше празнина во мојата мала душа. Зошто веќе тогаш? Нешто во мене бараше поголемо значење. Меѓутоа, во тие години се плашев некому да го кажам она што го чувствувам, бидејќи веројатно ќе ми кажеа дека сум премлада за вакви прашања – рече пејачката и истакна дека денес повеќе не е така.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Сега сум ослободена од самозагрозеност, од самоосудување, од самоотфрлање. Знаете, никој не може повеќе да не злоупотребува од нас самите, а тоа го сфатив само со искуство – изјави пејачката, и додаде:

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Би ги советувала сите жени да не брзаат во врските, и да се трудат партнерот да го направат пријател. Тоа е односот над сите односи. Пријател знае да те сослуша, нема да те осуди ниту да се налути само така, а тоа е многу важно – изјавила пејачката додека се уште била во врска со Грашао но не открила дали останала пријателка со Петар и денес.

фото инстаграм/ Данијела Мартиновиќ

За време на неодамнешната серија гостувања на белградските медиуми, пејачот ги раскажа деталите од врската со сопругата, а многумина конечно добија одговор на некои прашања кои ја мачат јавноста по раскинувањето на Петар со Данијела Мартиновиќ.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Иако директно не зборуваше за својата долгогодишна поранешна партнерка, бракот на Петар Грашо и Хана Хуљиќ беше тема која откри што му недостасувало на пејачот во претходната врска.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Тој беше прашан, дали неговата сопруга Хана го толерира она што повеќето други не би го толерирале, поради природата на неговата работа.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Во принцип тоа мора неа да ја прашате, но добро сте го дефинирале. Верувам дека ако некој има основна толеранција на почетокот, а покрај тоа ја поддржува и разбира работата што ја работам, тогаш животот е полесен. Затоа што не е лесно ако не прифатиш дека некој со кого живееш отсуствува 15 или 10 дена од 30 дена, понекогаш 28 дена имам одмор, понекогаш четири, но отсуството е составен дел од работата и тоа е многу, многу стабилно и многу лесно – објасни пејачот и додаде дека бракот со Хана Хуљиќ повторно ги разбуди пеперутките во неговиот стомак.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

– Мислам дека човек секогаш може да се заљуби ако е отворен за живот. Тоа значи дека треба да верувате во љубов за да се заљубите. Знам дека звучи клише, но некои луѓе веќе во триесеттите велат дека сме стари, еве имаме семејство, еве жена ми ме чека, добра е, таа е моја… Јас припаѓам на онаа категорија да излезам на пиво со жената, без намера да се преправам дека сум романтичен голем фраер, туку затоа што сакам да имам таков однос – истакна Грашо.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close