Кафе муабет

Шехерзад и Онур соопштија среќни вести, честитки пристигаат од сите страни

Бергузар наскоро повторно ќе се оствари во улога на мајка

Популарната турска актерка која повеќе од три години ја немавме видено во нова телевизиска серија, треба да го игра карактерот Неслихан во серијата „ Knali Yayi“. Познато е дека серијата, која што започнува со смртта на млада девојка, ќе продолжи да се снима во 10 епизоди. Но Бергузар Корел мораше да го одложи снимањето на серијата– бидејќи е бремена!

Бергузар која во март минатата година го зеде во рацете своето второ дете Хан, сега очекува повторно да се породи.

Убавата вест ја затекна сред снимање на новиот проект, по три години пауза. Еве што напиша таа на својот Инстаграм.

Фото: Принтскрин

„Откако три години ме немаше на малите екрани, и за време на повеќемесечните подготовки за улогата во серијата ‘Knali Yayi’ дознав дека сум во блажена состојба. Иако бременоста не ме спречи да продолжам со проектот, снимањето сепак моравме да го одложиме заради физичките промени кои не се соодветни за мојот лик. Не ми е лесно да се збогувам од серијата на која што работев со сјајни луѓе. Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од кои многу научив и со кои поминав низ прекрасниот процес на создавање на овој проект. Желба ми е еден ден нашите патишта повторно да се сретнат“, напиша познатата актерка, а потоа им се заблагодари на сите на честитките.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

„Од моментот кога објавив дека сум бремена не можам да стигнам да одговорам на сите пораки. Ме направивте среќна, многу ви благодарам. Нека драгиот Алах во подари многу здравје и среќа. Ви Благодарам што постоите“, напиша познатата актерка на својот Инстаграм профил.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Инаку, Шехерзад неодамна откри дека нејзиниот сакан сопруг цело време бил со неа за време на породувањето.

Таа тогаш објави неколку фотографии направени непосредно по раѓањето на нивното прво дете и ги воодушеви сите.

Еве што напиша таа тогаш:

„Драг сине, мое сонце… Ова го правам со твоја дозвола. Денес имаш 11 години. Со доаѓањето на овој свет, како млада жена, ме натера да го почувствувам мајчинството, што можеби е и најголемата причина за моето постоење во овој живот. Ме промени со огромна среќа, па со ваквото чувство кое никогаш порано го немав почувствувано, се трансформирав и растев“ напиша познатата актерка и додаде:

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

„Секој ден со тебе научив нешто ново. Ти благодарам за тоа. Ти ги бакнав трепките кога ги отвори тие преубави очи во 22.38 часот пред 11 години. Тогаш ме погледна во очи и не плачеше. Ти посакувам здравје, радост и среќа за време на целиот живот, секогаш погледни ме во очи кога и да имаш потреба.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

„Господ да те благослови“, пишува Шехерзад во емотивната порака што ја сподели со преубавите фотографии.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close