Градинка

ШАХПАСКА: Коронавирусот не се шири во градинките, тие остануваат отворени!

Министерката за Труд и Социјална политика вели дека ситуацијата во градинките е под контрола

Градинките за сега ќе останат отворени, ова го истакна денес Министерката за Труд и Социјална политика Јагода Шахпаска која посочи дека трансмисијата на коронавирусот во градинките доаѓа однадвор.

 

Foto Fokus.mk

 

Во моментот 9.630 деца посетуваат градинка.

Според Шахпаска, децата може и натаму да ги посетуваат градинките а за нивно евентуално затворање ќе одлучува Комисијата за заразни болести која ја следи епидемиолошката состојба.

 

ФОТО: Радио Слободна Европа

 

Согласно моменталната состојба јас мислам дека градинките можат да бидат во функција. Нам ни е најважно здравјето на дечињата и на вработените, посочи Шахпаска.

Шахпанска за медиумите изјави дека зспоред здравствените власти пренесувањето на вирусот помеѓу децата е на многу ниско ниво, а воедно и бројот на деца кои се заболени од Ковид-19 е многу мал односно до сега било заболено 21 дете кое посетува градинка, и 179 вработени според последниот извештај на Министерството за труд и социјална политика.

 

Фото Курир.мк

 

Трансмисијата на вирусот доаѓа од надвор затоа што децата кои се позитивни имаат позитивни членови на нивните семејства. Ние будно ќе го следиме процесот и согласно состојбите ќе носиме одлуки, рече таа, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето Договори за грантови за развој на социјални услуги со општините, посочи Шахпанска, додавајќи дека најголем дел од одлуките ги носи Министерството за здравство.

За наредната недела е најавена средба со директори на градинките низ земјава, каде ќе се разговара за моменталната состојба.

Фото Кајгана.мк

Градинките работат според посебни протоколи

 

Градинките беа затворени во март, кога започна првиот бран на коронавирусот, а по неколку месечна пауза започнаа со работа на 9 септември според посебни протоколи за работа кои предвидуваат засилени воспитни активности со деца, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и создавање навики кај децата за лична хигиена.

 

Фото република.мк

Воспитувачот ги контролира причините за отсуство на деца, контактира со родителите, а доколку е потребно и со матичниот педијатар или лекар од надлежниот центар за јавно здравје“, истакна Филипче непосредно пред  отворањето на градинките .

 

Инаку моментално при прием, на секое дете во градинка му се мери температура со бесконтактен термометар, а детето по влез во градинката задолжително ги мие рацете, како и повеќе пати во текот на денот.

 

FOTO SDK.MK

 

Растојанието помеѓу масите за седење на децата е од 1,5 – 2м, спиењето е организирано така што децата треба да бидат поставени на креветите според принципот „нозе – глава“ повторно на растојание од 1,5 – 2м, во единечни кревети и постелнина за секое дете, обележени со име на детето.

Вработените во текот на целото работно време носат заштитни маски. Во групите за деца до 2 години дозволено е да бидат згрижени максимум по 6 деца и двајца вработени во смена.

Foto Lider.mk

 

Воспитните групи за деца над 2 години имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.

Според пропишаните протоколи за работа на градинките во време на пандемија во установата не смее да се користат играчки што не се перат и дезинфицираат.

 

Играчките не се мешаат помеѓу групите и воспитувачите се задолжени за детална хигиена и одвојување на чисти и „валкани“ играчки.

Воспитувачите и негувателките се грижат за задолжително миење на рацете на деца при прием и во тек на денот, особено после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет и тоа под надзор.

 

Фото Република.мк

 

Според протоколот усвоен од Владата, во градинките кога се менуваат пелени во помалите групи, строго треба да се почитува постапката за одржување на хигиената на рацете пред и после менувањето и отстранување на пелени за воспитувачот и детето, како и дезинфекција на површините,.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close