Кафе муабет

Хороскоп без милост: Валканата вистина за секој хороскопски знак

Брутално искрен хороскоп!

Вљубените во хороскопот најчесто ги бараат оние позитивните особини и убавите манири на секој хороскопски знак. Но, целта на астрологијата не е само уживање во она што го читате за вашиот хороскопски знак. Сите имаме свои мани, а овој текст се фокусира токму на нив.

Овен

Практично, Овенот се однесува како мајмун. Импулсивен е, неретко агресивен и многу бучен лик. Многумина мислат дека Овните се само лажговци кои глумат пред другите.

Бик

Вие сте досаден ситничар. Што е најлошо од се’, вие сте најтврдоглавата личност на планетата. Парите ви се една од навјажните работи во животот, а на другите околу вас тоа воопшто не им се допаѓа.

Близнаци

Вие сте апсолутно неспособни да се фокусирате на нешто и да се смирите. Низ главата честопати ви минуваат нереални мисли. Вистински мајстор сте за да направите хаос и да внесете немир каде и да се наоѓате.

Рак

Колку и да имате години, никогаш не пораснувате, вечно останувате дете. Не умеете да ги контролирате емоциите и затоа блиските ве сметаат за хистерични. Исто така сте и многу себични.

Лав

Вие сте опседнати самите со себе и сакате да го привлечете туѓото внимание. Дали навистина мислете дека секогаш сте достојни за другите да ве обожаваат и да ве опсипуваат со внимание? Вие сте во состојба по цел ден да размислувате за себе.

Девица

Вие сакате се’ да контролирате и секогаш мислите дека другите ви должат нешто. Сакате да им помагате на другите, но зад тој лажен алтруизам се крие нарцисоидност. Девиците помагаат само за пдооцна на другите да им кажат колку се грижливи и одговорни.

Вага

Многу психопати се раѓаат во знакот Вага. Тие ни самите не знаат какви нови планови може да им паднат на памет за еден час. Понекогаш се чини дека Вагите се повеќе роботи отколку личности, така што се програмирани да кажат одредени работи во одредено време.

Скорпија

Вие сте настроени кон одмазда, а прво удирате на своите најблиски. Како да уживате да ги гледате другите како патат, затоа што се убедени дека тоа патење е заслужено.

Стрелец

Луѓето ве сметаат за интелигентни, но тоа многу често не е вистина. Само ги повторувате идеите и мислите на другите мудри луѓе, и полни сте со паметни изреки. Постојано ви е досадно, во секоја ситуација, на секоја работа. И не знаете како тоа да го сокриете.

Јарец

Ова се надјобрите шпиони на светот и луѓе кои се спремни да направат се’ за да ја остварат своајта цел. Не се грижите за никој, освен за себе. Себични сте и опседнати со својата положба во општеството.

Водолија

Постојано се трудите да ја докажете својата уникатност. Толку сте опседнати со својата личност, при што на крај останувате сосема сами. Верувате дека никој не е во состојба да ја разбере вашата креативна природа.

Риби

Постојано зборувате дека не поднесувате сцени и драми, но всушност вие сте вистински мајстор за тоа. Целиот живот на Рибите е драма. Вашата неспособност да се погрижите за себе ви го претвора животот во хаос, а вашата завист ве прави целосен губитник.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close