Кафе муабет

Хаска пронашла напуштено бебе старо неколку часа- видео камерите ја фатиле мајката како го остава!

Малиот Џорџ случајно бил пронајден во паркот од куче хаскa кое сопственикот го шетал...

Неодамна британската полиција објави фотографии од напуштено бебе, кое беше пронајдено во парк во Бирмингем, како и видео од жена за која се верува дека е мајка на момчето.

Момчето, на кое му беше дадено името Џорџ, откако беше пронајдено ден пред празникот Свети Ѓорѓи, се уште е во болница и е во стабилна состојба.

Малиот Џорџ случајно бил пронајден во паркот од куче хаскa кое сопственикот го шетал. Момчето беше завиткано во ќебе и ставено во картонска кутија а човекот немаше да го забележи ако кучето не беше упорно и го туркаше пакетот со муцката. Тогаш кучето легна покрај пакетот и започна да го турка.

– Тогаш го слушнав тивкиот плач на детето. Мислам дека моето куче Хел го разбуди и дека детето тогаш почна да плаче – изјави Тери Волш.

Во моментот кога момчето било пронајдено, било старо само неколку часа, а без-бедносните камери ја снимиле жената за која се верува дека е мајка на момчето.

– Бебето е здраво и напредува убаво, но за жал сè уште не успеавме да ја лоцираме мајката и многу сме загрижени. Сакаме да провериме дали е здрава и физички и пcихички – објави полицијата.

Како што наведоа, тие се плашат дека на мајката и е потребна медицинска помош по породувањето.

Инспекторот Нил Хант, кој ја води истрагата испрати порака до мајката и апел до по лицијата.

– Вие сте мојата прва грижа сега и морам да се осигурам дека сте добро. Не знам ништо за тоа како Џорџ дојде на овој свет. Јас и самиот сум родител и знам дека може да биде многу тешко – рече Хант, обраќајќи се на мајката која го напушти бебето.

Тој ги повика граѓаните да се јават доколку имаат какви било информации за мајката на напуштеното момче.

– Исто така, ги замолувам сите што поминаа покрај паркот помеѓу 5 и 18 април да не контактираат – рече Хант.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close