Новости

ФОТО: Манекенска става на која може да ѝ позавидат и помладите девојки – сопругата на шеф Марк од „Брза кујна“ во тесни фармерки ги истакна долгите нозе

Миленикот на публиката, готвачот Марк де Јонг, со својот шарм, кулинарски способности и духовитост ги освојува гледачите на кулинарското шоу „Брза кујна“.

Љубовта кон готвењето Марк вели делумно ја наследил и од неговиот татко, кој по 11 години работа како полицаец решил да отвори ресторан со белгиска национална кујна.

Можеби не сте знаеле, но шеф Марк има македонско потекло.

Неговото семејство живеело во Скопје, но по катастрофалниот земјотрес се преселиле во Брисел, каде Марк живеел до пред неколку години.

Тој во интервју за Сител ја раскажа својата приказна и кажа дека дошол во Македонија само поради аманетот кој му го оставила неговата баба. Таа пред да почине го замолила барем еднаш да дојде во посета на земјата од каде потекнува неговата мајка.

„Дојдов во Македонија зашто на баба ми и ветив дека еден ден ќе се вратам тука. Мајка ми остави овде дел од животот и не сака да се врати, татко ми, кој беше Белгиец, е починат, а јас мојата огромна љубов за Македонија им ја должам на моите баба и дедо. Благодарение на нив, израснав со приказните за Македонија и со мирисот на македонската храна.

Баба ми Магда готвеше македонска храна и целата куќа мирисаше на лук, особено кога ми правеше летна манџа со пиперки и домати. Тој мирис е незаборавен за мене, исто како и вкусот кој моите непца се уште го паметат. Токму тоа сакав да го почувствувам пак кога дојдов овде. Го исполнив аманетот на баба ми, и не само што дојдов да ја посетам Македонија, туку имам намера и да останам овде. Ова го одлучив кога дојдов тука втор пат, тогаш заедно со син ми Мајкл со кој направивме мала турнеја низ Македонија, таа моја навистина чудесна земја.

Ме маѓепса мене, а мислам дека нешто слично се случи и со мојот син, кој наскоро ќе ми се придружи. Тој тргна по моите стапки и со готвењето и ја засака оваа земја и животот во неа па во текот на овие три години доаѓа многу често. И тој, како и ќерка ми, се многу горди поради тоа што за кратко време станав препознатлив за луѓето кои постојано ми приоѓаат секаде кадешто одам, на пазар, на улица, во ресторан„…, раскажува Марк за

Повеќето луѓе веќе знаат дека Марк е во брак со Василка со која има две деца, син и ќерка, кои живеат во Белгија.

ФОТО:МАРК ДЕ ЈОНГ/ФЕЈСБУК

ФОТО:МАРК ДЕ ЈОНГ/ФЕЈСБУК

Тој често ја поздравува и во емисијата „Брза кујна“, ѝ испраќа бакнежи и пофалби и за нејзиното готвење.
Според фотографиите кои двајцата ги објавуваат на социјалните мрежи, може да се забележи дека Василка го поддржува својот сопруг во се, му прави друштво на разни гастрономски саеми и настани.
Тие и често споделуваат фотографии од нивните патувања, а годинава поради коронавирусот останаа во нашата земја. Неодамна беа во Маврово, а за тоа секако ги известија и своите фанови.

ФОТО:МАРК ДЕ ЈОНГ/ФЕЈСБУК

Мора да се признае дека Василка е дама со стил и витка става, на која може да ѝ позавидат дури и помладите девојки. Линијата, популарниот пар ја одржува вежбајќи во теретана, каде меѓусебно си се поддршка.

Неодамна на социјалните мрежи Марк објави дека себеси си поставил цел да ги изгуби вишокот килограми.

„Нема болка- нема добивка“, гласеше мотото на Марк кое го пишува во објавите на својот Фејсбук.

ФОТО:МАРК ДЕ ЈОНГ/ФЕЈСБУК

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close