Кафе муабет
ФОТО: Луна Џогани покажа кој ја чува малата Миа!
Луна сега сподели многу интересна фотографија на Инстаграм каде што може да се види Миа како спие безгрижно а ја чува нејзиното куче Лоли...
Луна Џогани на 15 јуни се оствари во улогата на мајка и не може да ја сокрие радоста поради породувањето, па со своите обожаватели често споделува фотографии од малата Миа од нивната семејна куќа.
Пред породувањето често пати објавуваше фотографии со нејзиното кученце Лоли кои и беше главен партнер за прошетка.
Луна сега сподели многу интересна фотографија на Инстаграм каде што може да се види Миа како спие безгрижно а ја чува нејзиното куче Лоли.
„Лоли е куче чувар“, напиша Луна во описот.
Инаку Лоли можеше да се забележи и на видеото кое го објави парот по доаѓањето во домот со својата наследничка.
Кученцето беше пресреќно што ги гледа и цело време кружеше околу малата Миа.
Парот снима реално шоу!
Наводно новопечените родители решиле да го снимаат семејството за нивниот канал на „Јутјуб“, кој има 104.000 претплатници…
Според она што го објавија српските медиуми, парот сега реши да прави реално шоу со нивната новородена ќерка Миа.
– Луна и Марко од каналот Јутјуб, каде обожавателите го следат нивниот приватен живот, заработуваат околу 70.000 евра годишно. Тие уште пред два месеци се договорија да ја снимат својата ќерка и веруваат дека тоа ќе биде вистински хит и дополнително ќе го зголемат нивниот рејтинг. Фановите на тој начин ќе можат да видат како Луна се снаоѓа како мајка, но и дали Марко е вешт во менување на пелени – истакна извор близок на парот.
Двојката, која стапи во брак неколку дена пред ородувањето на Луна, верува дека нивното ново реално шоу ќе стане хит.
– Одлучија да снимаат сè! Ќе има емотивни моменти, но и смешни, бидејќи тие само што станаа родители и сигурно ќе им треба малку време да се навикнат. Во некои кадри ќе се најдат и дедо Гаги, баба Анабела, тетка Нина и други членови на големото семејство Џогани, но и Милјковиќ – вели изворот и додава дека мотивот на новопечените родители не е само пари:
– Покрај тоа што ќе заработи пари, семејството на овој начин ќе сними скапоцени моменти со Миа и ќе има вредни спомени.
Луна потврдува дека и нејзината наследничка ќе биде пред камерата.
– Ќе ја снимиме Миа за YouTube. Ние сме јавни личности и нема зошто да го криеме тоа. Некогаш некој ќе ја слика или ќе ја сними, па зошто да не го направиметоа?! Скоро сите големи sвезди снимаат видеа со своите деца и објавуваат фотографии со нив. За Марко и за мене е во ред – вели Луна, а на прашањето што мисли за славните кои сè уште ги држат своите деца подалеку од медиумите, таа одговара:
– Ги почитувам оние што мислат дека ги штитат децата на тој начин, така штоне објавуваат фотографии или ги замаглуваат лицата. Ова е наш живот и наша одлука!