Кафе муабет

ФОТОГРАФИЈА КОЈА ПРЕДИЗВИКА БУРА ОД ЕМОЦИИ: Хурем покажа како постарата ќерка се грижи за сестра си- тие се нејзиниот свет!

Пред неколку дена таа ја доби втората ќерка...

На 8 ми јануари познатата турска актерка Мерием Узерли го роди своето второ дете Лили Кои.

Веста за раѓањето на нејзината ќерка ја сподели со своите следбеници на Инстаграм, а постојано објавува и фотографии на кои може да се види дека ужива во деновите со своите девојчиња.

Актерката сега објави фотографии од двете ќеркички кои го украдоа вниманието и не оставија никого рамнодушен.

Горда мајка сподели емотивна фотографија на која нејзината постара ќерка цврсто ја држи својата помала сестра во рацете.

Моментот на сестринска љубов најмногу ја допре нивната мајка, која во описот на фотографијата постави емотикони на ангели и јасно стави до знаење дека девојчињата се целиот нејзин свет.

 

 

Дека Лара ќе биде одлична постара сестра, навести Мерием во последното интервју за Стори, каде, зборувајќи за бременоста, откри како шестгодишното дете со нетрпение се подготвува за доаѓањето на нејзината сестричка.

„На почетокот не и беше лесно затоа што сакаше да остане единица и беше тешко за неа да помисли дека мора да ме дели мене и мојата љубов со некого. Но, и објаснивме дека не станува збор за споделување љубов, туку дека таа љубов расте само уште повеќе. Дека ќе има уште една личност на овој свет што ќе ја сака. Сега таа е многу возбудена и вежба на своите кукли како наскоро ќе ми помога околу бебето “, рече тогаш„ Хурем “за Story.

Не открива кој е таткото!

 

Актерката која се прослави со улогата на Хурем од познатата серија Величествениот,  се уште не сака да открие кој е таткото на нејзиното бебе. Во Турција се погласно се шушка дека таткото би можел да биде шармантниот актер Чаглар Ертугрул кој го толкуваше ликот на Јагиз Егемен во серијата „Ќерките на Фазилет“ која беше голем хит и во Македонија.

 

Фото: Инстаграм/ Чаглар Ертугрул

Сепак, оваа вест се уште ни тој ни таа ја немаат потврдено, а неодамна медиумите пишуваа дека Чаглар е во врска со непозната девојка.

 

Фото: Инстаграм/ Чаглар Ертугрул

Фановите се прашуваат кој е таткото на бебето, но популарната актерка реши тоа да го задржи за себе.

 

Фото: Принтскрин

„Некои работи ќе ги задржам само за себе“, одговори Хурем неодамна во едно интервју на прашањето кој е таткото. Таа тогаш откри дека е во врска и дека моментално се чувствува среќна и благословена.

 

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Инаку, Мерјем својата прва ќерка ја чуваше како самохрана мајка бидејќи нејзиниот поранешен 17 години постар партнер ја остави откако дозна дека е бремена.

 

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Но и покрај тоа што ја тераше да се „реши“ од бебето, Хурем одлучи дека треба да ја роди ќерката, да го остави момчето и сама да се грижи за својата ќерка.

 

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

И очигледно дека оваа одлука беше една од најдобрите во нејзиниот живот, затоа што сега ужива максимум во мајчинството, а тоа го покажува и јавно. Мерјем со својата ќерка живее во Германија, но дали со нив е и идниот татко на нејзиното бебе, шармантната турска актерка, сега за сега, не сака да открие.

 

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерл

Непосредно пред породувањето Хурем објави фотографии од фотосесија на која се придружи и нејзината ќерка Лара а тогаш доби бројни коментари дека изгледа волшебно.

фото инстаграм

фото инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close