Новости
ФОТОГРАФИЈА КОЈА ГИ ОСВОИ ФАНОВИТЕ: Новак никогаш не изгледал послатко- погледнете ја фризурата која му ја направи неговата ќерка!
Ќерќичката на Ѓоковиќ ги освои социјалните мрежи
Општо е познато дека ќерките се миленички на татковците. Нема ниту една работа која ќе ја направат тие малечки преслатки прстиња, а за која тато би се налутил.
Доказ за тоа е и најпознатот тенисер во светот, српскиот ас Новак Ѓоковиќ кој доби кул фризура од својата преслатка ќеркичка Тара. Според изразот на лицето на тенисерот, тој е задоволен од експериментот на малата принцеза.
Шарени додатици за коса, панделки, шнолички.
Нема да може да одолеете на оваа фризура која Тара му ја направи на тато Новак.
Кога Тара ќе го превземе тато во свои раце, Новак никогаш не изгледал послатко, се пошегува неговата сопруга Јеќена Ѓоковиќ која ја сподели фотографијата на социјалните мрежи, и ги освои сите симпатии.
Инаку Јелена Ѓоковиќ често знае да сподели на јавноста моменти од нејзиното секојдневие, па пред извесно време на својот Инстаграм профил сподели видео од нејзината ќеркичка Тара која неодамна наполни три годинки, а Јелена покажа како тие две заедно го минуваат времето, нормално на едукативен но забавен начин.
Малата Тара воедно и учи и англиски јазик.
– Уживаме да гледаме фотографии, па радознали сме да ги разбереме и зборовите, па попатно малку и менуваме јзикот. На нас ова ни годи и така квалитетно го поминуваме времето.Секое дете е поинакво и посебно, па верувам дека и вие имате некои свои начини со кои го носите вашето дете во светот на книгите, напиша тогаш Јелена Ѓоковиќ.
Инаку парот има две деца, постариот син Стефан кој минатиот месец наполни шест години и ќеркичката Тара.
И покрај напорните тренинзи, сепак светскиот број еден тенисер, Новак Ѓоковиќ секогаш наоѓа начин слободното време да го минува со своите деца, а кога тој се наптпреварува тие се негова најголема поддршка.
Инаку Јелена постојано е во центарот на вниманието поради нејзиниот изглед и умерениот вкус за мода. Таа секогаш одбира елегантни комбинации, може да се опише како нежна и природна и сака да биде своја.
Многу пати може да се прочита како ја критикуваат во медиумите бидејќи не е нашминкана, или не носи прескапа облека, накит, но таа на тоа возвраќа со насмевка.
Инаку Јелена Ѓоковиќ е директорка на Фондацијата, која се занимава со собирање средства за помагање на сиромашните деца во Србија, уредник на списание и секојдневно ја изразува своите афинитети кон бизнисот.