Кафе муабет

Фотографиите од роденденот на Душко откриваат се: Додека тој ужива во нивните прегратки, Јелена никаде ја нема

Не се појави на прославата...

Фудбалерот Душко Тошиќ вчера го прослави својот 38 роденден, опкружен со семејството и пријателите.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Тој на својот Инстаграм профил сподели бројни честитки, но барем јавно изостанаа емотивните зборови на неговата се уште легална сопруга Јелена Карлеуша.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Двојката веќе подолго време има проблеми во бракот, како што пишуваат медиумите, за што Јелена во неколку наврати јавно проговори.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Иако пејачката често истакнува дека не се разведува од Душко, сепак не се појавила на прославата, барем за што сведочат сликите.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Стори приказните на познатиот фудбалер открија многу, а на умешното око не можеше да му избегне фактот дека Душко го прослави својот роденден во гала ресторан, во друштво на своите пријатели и ќерките Атина и Ника. Тој и девојките блескаа од среќа.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Помладата ќерка на Јелена Карлеуша, Ника, вчера на Инстаграм објави видео на кое го носи дресот на српската фудбалска репрезентација во која своевремено беше и нејзиниот славен татко. Сосема е сигурно дека таа го израдувала својот татко со овој потег.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Пејачката претходно се осврна на гласините за разводот и откри дека со Душко се уште живее заедно.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Поп-ѕвездата и фудбалерот на почетокот на летото се огласија во јавноста и открија дека на нивниот брак му дојде крајот, и дека ќе направат се нивните наследнички да го пребродат тој тежок период.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Бидејќи Јелена сè уште има чувства кон Душко и цврсто верува дека и другата страна го чувствува истото, пред неколку недели во една телевизиска емисија откри дека во нивната куќа не се зборува за развод, дека спортистот не постои без неа, а дека се надева дека оваа година ќе го поправи своето однесување кон неа.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Не сме разведени, се уште живееме во четири ѕида, а времето ќе покаже се повеќе од тоа. Во 2023 година би сакала Душко да го промени начинот на размислување, почитувајќи ја и сакајќи ја мајката на своите деца – признала ЈК и додала:

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Верувам дека сè уште сме во брак бидејќи јас како дете на разведени родители секогаш се плашев од колапс и распад на семејството. Би го доживеала тоа како неуспех. Поради Атина и Ника, сакам да имаат чувство за заедница и семејство што е можно подолго, бидејќи тоа е многу важно. За жал, Душко го нема тој порив и чувство во себе, откри Јелена.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close