Кафе муабет

ФАНОВИТЕ ГО ФАТИЈА ВО ЛАГА ПРИНЦОТ ХАРИ: “Никогаш не сум возел велосипед со мојот татко”- овие фотографии се доказ дека принцот не ја зборувал вистината кај Опра!

За ова интервју зборува целиот свет...

Оваа недела главна тема во медиумите е шокантното интервју на принцот Хари (36) и сопругата Меган Маркл (39) кое во неделата го дадоа за Опра, а воедно и достигна на врвот по гледаноста.

Имено тие во интервјуто откриваат детали за кралското семејство и животот на суд. Со сите изговори зошто ја напуштиле Велика Британија, Хари изјави дека еден важен дел има и тоа што како дете никогаш не можел да вози велосипед со својот татко, а неговиот син Арчи може да го направи тоа со него сега.

Foto: Reuters/PIXSELL
Foto: Reuters/PIXSELL

Бидејќи ништо не остана незабележано во разговорот што го гледаа повеќе од 49 милиони луѓе, така и неговите детали за возење велосипед не останаа незабележани.

Гледачите побрзаа и успеаа да пронајдат фотографии од 1990 година на кои се прикажани принцот Чарлс, принцот Вилијам и принцот Хари, а на некои од нив се појавува принцезата Дајана.

На сите фотографии, членовите на кралското семејство се на велосипеди и тргнуваат на возење. Малите принцови се насмевнуваат качени на велосипед, а родителите гордо стојат зад нив.

На една фотографија, малиот Хари дури седи на задниот дел од велосипедот што го возел неговиот татко Чарлс на нивниот имот во Сандрингем, Норфолк.

Хари изгледа не се сеќава на сите овие семејни дружења или „случајно“ заборави да ги спомене пред американската водителка Опра Винфри (67), бидејќи тој и неговата сопруга Меган споделија шокантни детали за неговото семејство.

Покрај сите погоре наведени изјави, принцот Хари играше Поло во младоста, но не на коњ туку на велосипед. Затоа, се чини дека тој имал и повеќе од доволно возење во своето детство.

Интервјуто со Опра Винфри создаде уште поголеми конфликти меѓу САД и Велика Британија. Во него Меган и Хари упатија сериозни обвинувања за расизам и расправии во кралското семејство.

По интервјуто, парот предизвика реакции кај многумина, а се огласи и кралицата Елизабета (94), по што следеше принцот Вилијам, кој веќе долго време не разговара со својот брат.

Во кратки изјави, членовите на кралското семејство најмногу се осврнаа на тој дел со расизам што го изнесе Меган.

– Целото семејство со тага ја прими веста за тоа колку тешки биле последните години за Хари и Меган. Прашањата што ги допреа, особено оние што се однесуваат на расата, се загрижувачки – беше напишано во официјалното соопштение потпишано од кралицата.

Додека принцот Вилијам рече:

– Ние не сме расистичко семејство. Сè уште не разговарав со мојот брат, но ќе разговарам.

Оваа драма секако не е завршена.

За потсетување, Меган и Хари го очекуваат своето второ дете, а Арчи ќе стане постар брат.
Оваа вест ја соопштија со прекрасни фотографии, на кои се гледа дека се пресреќни поради бременоста на Меган.

Меган го загуби бебето!

Пред извесно време 39 годишната актерка, прозборе за траумата и загубата која ја доживеале, па ја шокираше јавноста со информацијата дека го изгубила своето второ дете.

Во изјава за Њујорк Тајмс, Меган ја потврди веста за спонтаниот абopтус и започна со својата трогателна исповед.

-Тоа беше, едно обично јулско утро. Се разбудив, ги нахранив кучињата, ја исчистив облеката и боичките на Арчи, ја врзав косата и го земав Арчи од лулката. Потоа му ја сменив пелената, и почувствував силен грч. Знаев дека нешто не е во ред. Паднав на подот заедно со Арчи во моите раце, веднаш почнав да пејам приспивна песна за да го смирам него но и себе. Веселата мелодија беше во целосна спротивност со моето чувство дека нешто не е во ред “, продолжи таа.

„Знаев, додека го држев во раце првото дете, го изгубив второто …

Актерката вели дека по загубата биле скршени од болка, и признава дека не знаела како ќе се соочат со таа трагедија.

Неколку часа подоцна, лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на мојот сопруг. Го почувствував мирот што ми го донесе неговата дланка, ги бакнав зглобовите, кои беа влажни од моите и неговите солзи.

„Бев“ загледана во белите sидови, се обидував да смислам како би можеле да се излечиме после ова“, истакна Меган во својата шокантна исповед.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close