Новости

Учебната година ќе започне од 1-ви септември, вакцинирани 60 отсто од кадарот!

Од минстерството информираат дека за непречен почеток на новата учебна година системот за образование е подготвен за три сценарија кои се усвоени на владина седница...

Денеска Министерството за образование и наука испрати соопштене во кое се наведува дека интензивно се подготвува за започнување на новата учебна година од 1 септември, во услови на пандемија преку пристап со кој ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје.

Фото Илустрација

-Дополнително информираме дека досега од вкупно 31.447 лица вработени во училиштата, вакцинирани се околу 60% и апелираме наставниот и останатиот кадар во училиштата да се вакцинира со цел да го заштитат сопственото, а со тоа и здравјето на најблиските, стои во соопштението.

Фото Илустрација

Од минстерството информираат дека за непречен почеток на новата учебна година системот за образование е подготвен за три сценарија кои се усвоени на владина седница.

Фото Илустрација

-Првото за кое воедно и се залагаме, затоа што е од најдобар интерес на учениците и нема подобра алтернатива е целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно сите усвоени протоколи. Второто сценарио предвидува наставата да биде како и во 2020/2021 која што се покажа како успешна и ефективна – дел од учениците да посетуваат настава со физичко присуство под посебни протоколи, а дел да реализираат онлајн-настава и третото сценарио предвидува ротирање на учениците на една недела со физичко присуство во училиштата, за да нема нивно целосно затворање.

foto ilustracijФото Илустрација

Кое од трите сценарија ќе се применува ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заштита од заразни болести.

Фото Илустрацја

За оваа намена, МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести ги изработија Планот за одржување на наставата во учебната 2021-2022 година и протоколите за постапување на основните и средните училишта и истите пред повеќе од 1 месец беа усвоени од страна на Владата и веднаш доставени до сите училишта, а воедно и јавно објавени на www.mon.gov.mk.

Фото Илустрација

Во меѓувреме, МОН заедно со локалните самоуправи и директорите на училиштата е во интензивна комуникација и се подготвува за сите три сценарија и за успешен почеток на новата учебна година на 1 септември.

Фото Илустрација

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close