Кафе муабет

Уфф, погледнете со каков фраер Карлеуша го замени Душко: Не му е ни до колена на атрактивниот менаџер

Се повеќе време минуваат заедно...

Поп-дивата Јелена Карлеуша во последно време работи со полна пареа. Покрај тоа што го украсува својот нов дом на Дедиње, пејачката речиси секој викенд ги полни клубовите низ регионот и дијаспората.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Во исто време,Јелена посочи и дека е при крај со новиот албум „Алфа“, кој нејзините обожаватели го чекаат цела деценија, па секојдневно поминува по неколку часа во музичкото студио.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Српските медиуми сега ја уловија Јелена како ужива во сончевите есенски денови во центарот на Белград, каде таа ги завршуваше секојдневните обврски. Карлеуша била во друштво на нејзиниот пријател и деловен соработник Зоран Бирташевиќ, кој го возел автомобилот со кој двајцата дошле до центарот.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Зоран е долгогодишен соработник и менаџер на пејачката, кој е запознаен со секој детал од нејзиниот живот.

фото инстаграм/Зоран Бирташевиќ

Поголемиот дел од времето го поминуваат заедно. Тие се активни на социјалните мрежи, а често објавуваат и заеднички фотографии. Зоран повеќе од десет години е нејзина десна рака во се, од кариерата до приватни работи.

фото инстаграм/Зоран Бирташевиќ
фото инстаграм/Зоран Бирташевиќ

Многумина поради нивната блискост шушкаат дека таа го заменила Душко со него, но пејачката не се огласи по овие написи.

фото инстаграм/Зоран Бирташевиќ
фото инстаграм/Зоран Бирташевиќ

Инаку Јелена Карлеуша и Душко беа во центарот на вниманието поради веста за разводот, која на својот Инстаграм профил ја објави и самата таа.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Неодамна Јелена изнесе детали од приватниот живот – се наврати на разводот со фудбалерот Душко Тошиќ.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

На прашањето дали таа и поранешниот фудбалер поднеле документи за развод, пејачката одговори – не.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Не сме. Нека пишуваат што сакаат и кој што сака, исто како порано. Мене тоа ме погодува исто како кога комарец ќе касне слон. Никому ништо нема да објаснувам – изјави таа за новиот број на магазинот „Стори“.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

На прашањето дали сама себе си рекла дека претерува кога го објавила соопштението за разводот, таа одговорила:

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Не претерав. Треба да научите да бидете паметни. Немам повеќе години за губење. Или-или сето тоа е во мојот живот од сега па натаму. Немам повеќе толеранција. Таа беше изгубена во овие 44 години маки. Како и да е, нема повеќе да зборувам за Душко. Кога ќе заслужи нешто убаво ќе го споменам. Дотогаш прашајте ме за љубовта кон животните – вели Јелена која прозборе за Атина и Ника и објасни дека дошол период кој е тежок за секој родител:

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Наскоро полнат 13 и 14 години, а периодот никогаш не бил потежок за нив и за мене. Се борам најдобро што знам со две девојчиња во пубертет кои многу пристојно го поднесуваат притисокот на славата на нивната мајка. Ситуацијата дома е потешка и по стресна, славата е помал проблем. Се борам како лав да ги заштитам и зајакнам, рече Јелена за магазинот Стори.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Да потсетиме, пејачката пред околу два месеци објави дека по 14 години брак се разведува од сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ. По објавата таа замина на одмор во Турција заедно со своите миленички Атина и Ника.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период, напиша Карлеуша во својата објава на Инстаграм.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close