Новости
Уживаше во моментите, лавовски се бореше со тешката болест- за него семејството беше свето!
Мустафа по*ина по долгата борба со тешката болест
Тој беше доајен на хрватско босанскиот театар, а го загуби животот на 78 годишна возраст по долгата борба со тешката бooлест која за жал беше посилна од него.
Мустафа Надаревиќ, кој беше еден од најпознатите хрватски актери, пoчина во неделата во неговиот дом во Загреб.
Тој ги има освоено сите награди што можат да се освојат во неговата кариера, а за нив рече дека за време на животот на актерот тие го задоволуваат неговото его и се стимул за работа во иднина.
– Во последно време состојбата му се влоши. Мојот идол повеќе го нема, се познаваме скоро 40 години и заедно го снимавме „Татко на службено патување“ така и се запознавме. Тој беше мојот пример, и правеше вистински ремек-дела во театарот. Ова е голема загуба, не само за Хрватска, туку и за регионот – рече Емир Хаџихафизбеговиќ за 24 сата.
Пред неколку години, Надаревиќ имаше и срцеви проблеми и тоа не го криеше од јавноста. Тој го задржа својот ведар дух и откако дозна дека е болен, но и по тешкиот губиток на саканата сопруга, Славица Радовиќ. Која пoчина само неколку месеци откако се венчаа. Тие беа заедно повеќе од 20 години, а Мустафа секогаш зборуваше за неа како личност која го оплeменила.
По операцијата на срцето во 2013 година, тој престана да пуши, но сепак знаеше да земе по некој дим од електронска цигара. Тој и во осмата деценија од животот не размислуваше за пензија, бидејќи секогаш се водеше од мислата уживај во моментот, велејќи дека животот е непредвидлив.
– Сето тоа е прашање на возраст, стрес во животот, замор. Земајќи ја предвид мојата возраст, дојде време нешто да го вознемири и моето тело – изјави легендарниот актер кога дозна за тешката болест.
Тој сакаше да игра голф и стана зависен од овој спорт и секогаш истакнуваше дека игра во најубавиот клуб, во Запрешиќ каде поминуваше многу време дружејќи се со пријателите.
Првата улога легендарниот актер Мустафа Надаревиќ ја доби кога во прво одделение во школската приредба ја глумеше Црвенкапа . Учителката го избрала за таа улога затоа што имал подолга коса и пискав глас, па личел на девојче.
Кога тргнал во Гимназија станал дел од аматерската театарска група „Виктор Цар Емин“ па љубовта кон актерството се претвори во повик.
Помладата генерација овој генијален актер го засака од популарната серија „Луд, збунет и нормален“ во која го глумеше Изет Фазлиновиќ.
Тешкото детство и сиромаштијата во која живеел
Мустафа е роден на 2 мај 1943 година во Бања Лука, каде неговите родители се запознале и засакале.
Но приказната на Мехмед и Асја Недаревиќ немаше среќен почеток, бидејќи на нивната желба да се венчаат остро се спротивставиле нивните родители. Но кога конечно решиле да го направат тоа, Мехмед не се појавил. Наводно му се причинило дека Асија на денот пред свадбата на корзото погледнала некој друг, па заради силна љубомора прв и последен пат се напил и не дошол на венчавката.
Но бидејќи Асја веќе била во блажена состојба и како на крај љубовта секогаш победува, тие сепак ќе се земат и ќе се преселат во Нови Град (Босански Нови). Актерот го доби името по таткото на мајката, Мустафа Мемиќ, кој својот живот го изгубил на почетокот од војната, во 1941 година.
Пет години подоцна, во 1946 година, ќе почине таткото на Мустафа, Мехмед, а неговата мајка Асја на 22 години станува вдовица и самохрана мајка. Заради тешката материјална ситуација ќе го испрати Мустафа да се школува во Загреб, а таа останала во Нови Град да бара работа.
И бидејќи уште како мал покажал талент за глума, Мустафа од Риека се сели во Загреб за да се запише и заврши на Академијата за драмски уметности.
Патот по кој одел бил тежок, но успеал да се истакне со својот талент, па денес публиката да го памети како доајен во актерството. Бее и ќе остане еден од најпозитивните ликови кои ќе се паметат засекогаш.