Дом и семејство
Убави вести од домот на омилениот пар: Јелена пресреќна, не може да крене глава од честитки
Тие се најхармоничниот пар...
Не е тајна дека ќерката на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ, има голема желба да добие брат или сестра.
Колку повеќе растела, Нина Босиљчиќ се повеќе се надевала дека нема да остане сама, а родителите ќе го прошират семејството, за жал и покрај големата желба на наследничката да добие брат или сетсра пејачката и актерот останаа со едно дете, целосно посветувајќи ѝ се на неа.
Хармоничните сопружници целото свое внимание го посветија на единицата, но многу внимаваа на воспитувањето од страв да не ја разгалат. Со многу труд успеаја да пораснат прекрасна, културна и воспитана девојка која на многу начини наликува на своите родители.
Иван и Јелена покрај воспитувањето на својата ќерка, се посветија и на своите кариери. Иван работи на проекти во Русија а Јелена настапува секој викенд, а неодамна таа дури одржа концерт во Србија со Бочели, а потоа и еден во Дубаи.
Јелена пред неколку дена сподели уште една прекрасна вест со своите следбеници.
View this post on Instagram
– Песната „Не се каам“ е номинирана за MAC Award во категоријата „Поп песна од женски изведувач“ Секој што сака може да гласа со лајк на видеото во описот на мојот профил – им порача Јелена на своите следбеници на „Инстаграм“ .
И ќерката на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ го обожава мајчиниот глас, а во последно време јавноста често може да ја види во првите редови на нејзините концерти.
Во една прилика Јелена зборуваше и како успеале таа и Иван да опстанат и после толку години брак и денес важат за еден од најхармоничните парови.
– Секој брак е космос за себе и не би се осмелила да дадам било каков совет и да генерализирам на темата за правилата за среќен живот. Знам само дека е најздраво да се фокусирате на вашиот дом и на вашето семејство и да не се споредувате со никого – рече Јелена Томашевиќ додека нејзиниот сопруг има слично мислење.
– Бракот е задача со која треба да се справите. Тој мора да се негува. Бракот не е само брак и дом, туку како се однесуваш кон целиот свет. Ако го уредувате вашиот живот во однос на другите сфери, се враќате дома мирно и чисто. Куќата не е место каде што ги пуштате сите ваши вентили. Брачниот другар не треба да биде некој што ги трпи сите ваши маки. Треба да бидете искрени со него, и тој треба да ви помогне да го решите проблемот што го имате. Но, се што можете да направите сами, особено кога станува збор за деловни работи, треба сами да го решите, за да биде добро за вашата сопруга и вашето дете – рече Иван Босиљчиќ.
– Она што е конкретно за нас е тоа што ние сме често, многу заедно. Иако гледате дека снимам во Русија, знајте дека стои цврст план зад тоа, дека сме таму заедно. Или дека доаѓам овде почесто отколку што знаат медиумите. Тој наш ритам да бидеме заедно, да бидеме заедно што е можно повеќе, можеби тоа не прави посилни, заврши Иван.