Кафе муабет
Убавината ја наследила од мама: Познатата водителка во елегантно издание со својата ќерќичка- добија многу позитивни коментари!
Познатата водителка во елегантно издание со својата ќерка
Во 2015 година по втор пат го кажа судбоносното “ДА” , и денеска Бојана Атанасовска, сега Скендеровски ужива во бракот со селекторот на македонската футсал-репрезентација, Васко Скендеровски, со кого беше во врска две години.
Парот има две деца ќерќичката Искра и синот Ѓорѓи кој го роди минатата година.
Таа е многу активна на социјалните мрежи и постојано објавува фотографии а фановите не можат да не забележат деца пејачката изгледа се поубаво и поубаво, што може да се каже дека се должи на љубовта која ја добива од своите најблиски.
Јавноста ја познава како пејачка и водителка.
Бојана се прослави како ексклузивец во едно од најпознатото музичко шоу „М2-потрага по ѕвезда“.
Таа пред два дена таа објави фотографија со својата ќерќичка, и доби многу позитивни коментари за изгледот.
Облечени во црно, двете дами изгледаат елегантно а малата Искра неверојатно потсетува на својата мамичка.
Бојана двапати беше победничка на реномираниот фестивал „Макфест“. Инаку фановите пред неколку години забележаа дека таа има направено корекција на усните, а во една прилика пејачката и водителка призна дека единствената естетска корекција што ја направила е токму таа.
– Отсекогаш ме нервираше тој милиметар што недостигаше за моите усни да изгледаат сензуално – изјави таа пред седум години.