Дом и семејство
Убавата Неџла изгледа ситно брои до породувањето- Бали Бег сподели фотографии од бремената сопруга и ги доби сите комплименти
Со нетрпение го очекуваат второто дете...
За нив многу се шпекулираше, едни ги разведуваа, други им измислуваа скандали но едно е сигурно актерот Бурак Озчивит и неговата прекрасна сопруга, исто така актерка, Фахрије Евџен, се еден од омилените парови во светот на турскиот шоубизнис кои импресионираат со својот среќен брак.
Популарниот пар во последните месеци е возбуден поради пристигнувањето на нивното второ дете во семејството, кое е на пат и наскоро треба да дојде на овој свет.
Откако го роди синот Каран и кога тој доволно порасна, актерката се врати на ТВ екраните а ова враќање не траеше долго бидејќи по првата сезона таа си замина а малку потоа се појави вест дека актерката е бремена.
Бурак како горд татко и сопруг утрово ги објави трудничките фотографии на сопругата на кои стомакот и е во преден план и покажуваат дека бременоста одлично и прилега.
Фотографиите на Фахрије Евџен нејзините фанови со восхит ги коментираа.
Бурак во описот стави и сино срце со што откри дека ќе добијат уште едно момче.
Бурак Озчивит и Фахрије Евџен се заљубиле пред девет години, а потоа се венчале. Синот на парот, Каран, кој се венча во 2017 година, се роди во април 2019 година.
Инаку Бурак Озџивит (37) ги полуде жените ширум светот со улогата Бали-бег во популарната серија „Сулејман Величествениот“.
Неговото срце го освои Фахрије Евџен популарната турска актерка која нашата јавност ја запозна по улогата на Неџла во серијата Кога лисјата паѓаат.
Неодамна се пишуваше дека актерката и нејзиниот син боледуваат од Ковид и цело време биле дома и дека тогаш Фахрије нон-стоп се расправала со Бурак. Се шпекулираше дека во еден момент дури и го кренала гласот на свекрвата.
Тогаш реагирал Бурак. Ја бранел мајка си и застанал на нејзина страна.
Поради ова Фахрије наводно решила да ја напушти нивната луксузна вила.
И двајцата сето тоа го негираа со споделување на фотографија на Инстаграм.