Новости
Трајче и Кате од „Соната“ ја покажаа ќеркичката – запознајте ја ПРЕСЛАТКАТА АНА
Трајче Бондиков од „Соната“ ја покажа ќерката со прекрасно име во преубаво новогодишно издание.
Тој на социјалните мрежи сподели фотографија на која можеме да ја видиме ќеркичката што ја доби со својата сопруга Кате.
Неговата ќеркичка позира под украсената новогодишна елка, радувајќи им се на светилките и шарените лампиони, а гордиот татко и мама се пресреќни и уживаат во секој момент што го поминуваат заедно.
Тоа впрочем можеме да го видиме и од нивните фотографии каде во последно време малата Ана се почесто е во центарот на вниманието.
Познатиот естраден пар минатата година решија да запловат во брачните води откако цели 18 години беа во врска.
Бракот се случи само месец дена пред да им се роди ќерката, а како изгледаа тогаш погледнете во продолжение.
Откако Кате се породи, среќниот татко радосните вести веднаш ги сподели на социјалните мрежи.
Новопечената мама за многу кратко време откако се породи повторно беше онаа истата, како и пред бременоста, а од најновите фотографии на социјалните мрежи можеме да видиме дека ужива во мајчинството.
На социјалните мрежи и двајцата редовно објавуваат фотографии, а како изгледа нивниот живот сега, откако им се роди малата принцезичка, погледнете од специјалната галерија во продолжение.