Кафе муабет

Трансродовата пејачка го освои Балканот уште од првото појавување во “Ѕвездите на Гранд”: Човек како мене и е потребен на сцената!

Добила многу пораки за поддршка...

Натпреварувачката Алина Јухарт уште кога прв пат се појави на сцената на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ предизвика големо внимание во јавноста.

фото принтскрин

Таа откри дека има голема поддршка од своето семејство но и од многу луѓе. Таа веќе има група обожаватели кои ја поддржуваат.

фото принтскрин

– Сè оди толку брзо, што не можеш да очекуваш ништо. Сè уште имам проблем со акцентите, па одев и на часови кај логопед и работам на себе – изјави Јухарт по настапот.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Алина проговори и за настаните кои и се промениле во животот помеѓу двата круга на натпреварувањето, и истакна дека се чувствува како да ги инспирира луѓето.

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Добив безброј пораки за поддршка, дури и од луѓе на кои можеби им требаше да видат личност како мене на телевизија. Инаку исполнета сум во животот, имам здраво семејство околу мене, пријателите ми се здрави. Прекрасното опкружување што го имам е најголемото богатство на светот – изјави таа и додаде дека нејзината амбиција е да биде верна на себе секој ден.

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Дали ќе биде во музиката или не, не знам, но апсолутно се гледам себеси некаде на сцената – рече таа.

фото инстаграм/Алина Јухарт

По нејзиниот настап следеа коментари од жирито а Ѓорѓе Давид изјави дека личност како неа е потребна на сцената на 21 век, а токму таква е сцената во „Ѕвездите на Гранд“.

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Навистина мислам дека е важно човек како мене да се појави на сцената бидејќи, како што рече Ѓорѓе, денес е 21 век и тоа едноставно мора да се слушне. Во Америка тргна напред, овде е малку поинаку. Словенија денес можеби е некаде помеѓу. Но, да бидам искрен, добив голема поддршка. Лично, немам добиено лоши коментари – изјави Алина.

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Важно ми е само да продолжиме понатаму и да шириме љубов-истакна Алина.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Таа говореше дека нејзиното семејство и е најголема поддршка а сега и за прв пат јавноста имаше можност да ги види нејзиниот татко и брат.

фото принтскрин

-Ве поздравувам сите, знам дека е тешко, но ние го поддржуваме нашиот човек. Се надеваме дека ќе помине во третиот круг, навиваме, но најмногу и посакуваме здравје, среќа и љубов во животот – изјави со солзи во очите таткото на Алина.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close