Кафе муабет

Трансродовата натпреварувачка од „Ѕвездите на Гранд“ прв пат го покажа семејството: Еве како изгледа нејзиниот татко, кога му соопштила дека ќе го промени полот се шокирал

Тие се нејзина најголема поддршка...

Уште кога прв пат се појави на сцената на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, трансродовата натпреварувачка Алина Јухарт од Словенија привлече големо внимание во јавноста па цел регион со денови пишуваше за трансродовата пејачка која се појави во популарното шоу.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Во последното издание, Алина блесна на сцената во елегантен фустан со високи потпетици, а се заврши со природна шминка и така ги собра сите комплименти.

фото принтскрин

Интересно е тоа што во јавноста за прв пат се претстави и нејзиното семејство за кое Алина претходно зборуваше дека и е најголема поддршка.

Од бекстејџот ја бодреа таткото, братот, снаата и внуката кои и се најголема поддршка во животот.

фото принтскрин

-Ве поздравувам сите, знам дека е тешко, но ние го поддржуваме нашиот човек. Се надеваме дека ќе помине во третиот круг, навиваме, но најмногу и посакуваме здравје, среќа и љубов во животот – изјави со солзи во очите таткото на Алина.

фото принтскрин

Жирито во последнот круг имаше и неколку критики упатени на адреса на трансродовата натпреварувачка и сите беа согласни дека поради целата нејзина животна приказна таа преку ноќ стана популарна и тому поради тоа нема време да се посвети на вежбање на песните со кои треба да се претстави. Тие дури истакнаа дека Алина не успеала поради приказната и се што се случувало околу неа и дека тоа и создало товар што не може да го поднесе до крај.

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Во овој момент воопшто не ми се допадна овој пар. Алина, сите пофалби за тебе кога станува збор за однесувањето на сцената, танцувањето, осветлувањето, камерите. Пеењето во овој момент не беше добро, не велам дека беше катастрофа, беше во интонација, но со оглед на тоа какви кандидати имаме, ќе треба многу да вежбаш. Тоа не значи дека нема да бидете подобри во следниот круг. Од друга страна, Кенан, ова ми беше премногу агресивно, до тој степен што не беше убаво. Си даде пенал без голман – изјави Марија.

фото инстаграм/Алина Јухарт

-Алина, ти и самата потврди дека сето ова малку те понесе но да вежбаше и работеше малку повеќе ќе беше подобро. Имам чувство дека сте малку мрзеливи кога е во прашање вежбањето – рече Ана, а таа веднаш одговорила:

фото инстаграм/Алина Јухарт

-Искрено имам проблем со акцентирање на зборовите, дури ангажирав и логопед за да ги исправи грешките – рече Алина а Бекута и порача дека мора да го промени репертоарот и дека не и одговара да пее песни од Милица Павловиќ.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Да потсетиме, оваа пејачка е родена како маж, Алино Јухарт во Марибор, но уште како дете сфатила дека всушност е жена. Алина во саботата се појави во најпопуларното музичко натпреварување и веднаш го привлече вниманието на гледачите и членовите на жирито.

фото инстаграм/Алина Јухарт

-Кога жените доаѓаат дома, прво ги соблекуваат чевлите, но јас не. Чистам, мијам садови, пеам, танцувам со нив. Уште пред десет години носев фустани по дома, но дури пред четири години излегов на улица во фустан во Сплит. Тогаш процветав и оттогаш не ги симнав. Не ме интересираат панталони! – изјавила Словенката.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Трансродовата пејачка уште од детството знаела дека е женско, иако е родена како маж.

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Се запознав себеси кога бев девојче, но тоа е процес кој трае. Тоа не е лесен живот. Ми се случува да одам по улица, луѓето да ме погледнат и да видат женска личност, а потоа се чудат кога ќе слушнат машки глас. Тогаш морам да им објаснам зошто е тоа така. Понекогаш заборавам дека сум поинаква и дека сум родена како маж, затоа што се чувствувам женствено.

фото инстаграм/Алина Јухарт

На учесничката на „Ѕвездите на Гранд“ не и било лесно кога на семејството му го соопштила својот родов идентитет.

фото инстаграм/Алина Јухарт

-Мајка ми почина кога имав пет години. Останав со брат ми и татко ми. Тие се алфа мажјаци, вистински мажи и се шокираа кога им кажав. Секако, прифатија, бидејќи многу ме сакаат – изјавила Алина и додала дека не направила никаква пластична операција:

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Немам ништо вештачко на себе, сакам да бидам природна. Јас дури и не ја фарбам косата.
Алина која по потекло е од Словенија, од февруари живее во Белград, и како што самата изјави во шоуто, дошла бидејќи смета дека Србија, но и целиот регион мора да запознае жена како неа.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close