Новости

Тој има пopeметување на личноста: ТАЊА САВИЌ СЕ ОГЛАСИ ЈАВНО И ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА СЕ СМИРИЛА СО ДУШАН

Тања Савиќ не се смирила со нејзиниот сопруг

Откако во медиумите како бомба одекна веста дека Тања Савиќ се смирила со нејзиниот сопруг после сите драми кои ги доживеа, таа се огласи и ја негираше веста дека му простила на Душан Јованчевиќ.

Таа ги негираше овие написи, додавајќи дека судот ќе донесе одлука за целата ситуација.

„Не сум се помирила со сопругот, аман, луѓе! Како можам да се смирам со него?! Тој еден ден кажува едно, другиот ден друго. Тој има нарушување на личноста,  “, рече Тања во своето обраќање до фановите на Инстаграм.

Савиќ додаде дека судот ќе донесе одлука за сè.

„Судот ќе донесе одлука за сè, кога веќе не можеме да се согласуваме убаво, разумно, цивилно. Па, да видиме “, рече Тања.

Тања во видеото посочува дека е разочарана од сите коментари кои ги видела на социјалните мрежи, но и од сите написи кои излегоа во медиумите и апелираше до нејзините фанови да не веруваат во сето тоа што е напишано.

Јас самата ќе одлучам дали сакам да живеам со Душан или не, и дали сакам да го трпам тоа или не. Јас реков дека повеќе нема да трпам, но тоа е моја приватна работа. Луѓето се мешаат во се. Сепак јас имам две деца со тој човек и морам да го почитувам, поради нив. Гледам дека многу луѓе почнаа да коментираат лошо за мене, но јас сум разумна жена и знам дека не би требало да направам таков потег, да се смирам со Душан, со кој 8 месеци се борам за своите деца.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

 

Од оваа вест јавноста буквално беше шокирана, кога во медиумите излезе веста дека пејачката Тања Савиќ наводно после сите драми кои ги доживеа, сега се смирила со нејзиниот сопруг Душан.

Во медиумите исплива и нов разговор меѓу Тања и Душан, каде пејачката наводно му вели дека го сака и дека и недостасува.

 

„Знај дека многу те сакам и дека ми недостигаш“, напиша Тања.

– Добра ноќ. Ок. Чао – одговори Душан.

– Повторно си активен на социјалните мрежи. Постојано. Сега најмногу од се би сакала да сум таму и кога ќе се разбудам еден ден да бидам со вас. Сонувам за тој ден – гласи една од пораките.

 

Само да можев да го вратам времето и сето ова да не се случеше – напиша Тања.

– Што би сменила? Те молам кажи ми … – напиша Јованчевиќ.

– Тешко ми е поради сè и жал ми е – напиша Тања со емотикони кои плачат.

 

 

Тања пред неколку дена изјави дека сега е во добри односи со Душан и дека конечно контактира со своите деца.

 

– Редовно се слушам со синовите. Максим и Ѓорѓе се пресреќни кога се гледаме преку видео – повици.

Драго ми е што Душан сфати дека греши и ми дозволува секојдневно да комуницирам со синовите преку неговиот телефон, додала Тања.

– Поминаа 8 месеци како не сме се виделе во живо и не сме се гушнале. Баш ми е тешко без нив и живеам за денот кога ќе бидеме заедно. Во Австралија сега е лето, па моите деца често одат на плажа. Максим и Ѓорѓе се добри деца, најважно ми е да ги изведам на вистински пат. 

Душан ги однесе децата во Австралија поради коронавирусот?

-Гледам дека во српските медиуми кружат секакви приказни, но не само тоа. Се уште нема потреба да давам изјави и јавно да се огласувам. Зарем треба да објаснувам дека децата ги однесов во Австралија за да ги спасам од корона? И тоа што мојата сопруга не сакаше да дојде со мене, а можеше?, рече во една прилика Душан.

 

 

 

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close